
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
ЕКОНОМИСТ
Работни задачи:
- Книжење на финансиската и материјална документација;
- Контрола и водење на архива на фактури;
- Наплата од клиенти;
- Финансиско контроли, споредби, анализи и извештаи на дневно, месечно и 6-месечно ниво
- Сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
- Придржување во целост на интерните политики и процедури;
- Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и задачи;
Потребни квалификации и способности:
- Високо образование – Економски факултет;
- Поседување лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
- Задолжително познавање на MS Office пакетот (за предност ќе се смета напредно познавање и искуство во негово работење);
- Работењето во PANTHEON ќе се смета за предност;
- Задолжително претходно работно искуство на наведената позиција;
- Високо развиени аналитички и комуникациски и презентерски способности, вештини за организирање;
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај ќе се смета за предност;
- Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи;
- Познавање на англиски јазик;
- Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, тогаш аплицирајте на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете го името на огласот.
Слични огласи »