За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
Работни задачи и одговорности:
- Водење и креирање маркетинг кампањи
- Организирање маркетинг настани за потребите на компанијата
- Следење, водење и уредување на сите платформи на социјални медиуми
- Маркетинг кампањи преку e-mail newsletter платформи
- Водење и уредување содржини на корпоративен вебсајт
- Водење и надградба на постоечки корпоративен идентитет
- Следење и контрола на маркетинг трошоци
- Фотографирање и смислување концепт за естетскиот изглед на фотографијата
- Подготовка на текстови за потребите на компанијата
Потребни квалификации и способности:
- Претходно работно искуство за оваа позиција
- Познавање и работно искуство со Е–Маркетинг, програми за графички дизајн (photoshop, illustrator, indesign)
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Педантност и организираност во работењето
- Одлични вербални и писмени вештини
- Креативност и способност за следење на детали
- За предност ќе се смета напредно познавање на софтвери за графички дизајн
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] .