ФИБЕРНЕТ М-К лого

СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ DG-FIB/002

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија специјализирана во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ M-K Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица во областа на оператива, за работно место – СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ.

 

СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ DG-FIB/002

 

Работни задачи:

  • Комплетно сервисирање на дизел електрични генератори со мотор со внатрешно согорување
  • Тековно одржување на веќе инсталирани дизел електрични генератори со посета на локација
  • Монтажа на електрични ормани за автоматско стартување на генератор
  • Монтажа на опрема за далечинска контрола на генератор
  • Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа

Потребни квалификации:

  • Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Одговорност и самоиницијативност во извршување на работните обврски
  • Способност за индивидуална и тимска работа на зададени рокови
  • За предност ќе се смета познавање на работи поврзани со дизел електрични генератори

На кандидатите им нудиме:

  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на модерна технологија и соодветна опрема
  • Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
  • Можност за напредување
  • Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување

 

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате нови предизвици и развој во кариерата, тогаш аплицирајте на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака СЕРВИСЕР НА ДИЗЕЛ ЕЛЕКТРИЧНИ ГЕНЕРАТОРИ DG-FIB/002.

Огласот ќе биде активен до 31.05.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »