
За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје како целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот, опслужува компании од сите сектори. ФИБЕРНЕТ М-К се наоѓа меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна инфраструктура, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.
Нашиот тимот се состои од квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот континуирано расте и во моментов во моментов имаме потреба од вработување на нови лица на позиција ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ.
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ EIP-FIB/001
Работни задачи:
- Изработка на идејни, основни и проекти на изведена состојба од областа на телекомуникации
- Изработка на проектна документација за FTTH оптичка мрежа
- Изработка на проектна документација за хибридна оптичко-коаксијална мрежа
- Изработка на проектна документација за нисконапонски електрични инсталации (компјутерска мрежа, видео надзор, телефонска мрежа, контрола на пристап и евиденција на работно време, автоматска детекција и дојава на пожар)
Потребни квалификации:
- Високо образование дипломиран електроинженер
- Активно познавање на AutoCAD и MS Office
- Активно познавање на технички англиски јазик
- Поседување на возачка дозвола Б категорија со искуство во сообраќај
- Одговорност и самоиницијативност при извршување на работните обврски
- Комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок на зададени рокови
- За предност ќе се смета претходно искуство на иста или слична позиција (но не е пресудно)
- За предност ќе се смета поседување на овластување за проектирање Б категорија (но не е пресудно)
На кандидатите им нудиме:
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Употреба на современи технологии и опрема
- Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
- Можност за напредување
- Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим кој постојано расте, тогаш аплицирајте со кратка биографија (CV) на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ПРОЕКТАНТ EIP-FIB/001.
Може да аплицирате најдоцна до 08.04.2019 година.
Слични огласи »