ФИБЕРНЕТ М-К лого

Раководител на возен парк

За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:

 

Раководител на возен парк

Работниот однос е на определено време од 1 (еден) месец со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

 

Работни задачи:

  • Подготовка, навремено ажурирање и чување на сета потребна документација за возилата.
  • Грижа за исправноста и безбедноста на возилата во согласност со закон.
  • Економично управување со возниот парк.
  • Подготовка на налози за патување, планирање на рути.
  • Водење евиденција за технички, периодични прегледи и осигурување на возила.
  • Координација со сервисите и одобрување на поправки.
  • Се грижи за резервните делови на возилата.
  • Вршење стручен надзор над техничката состојба и квалитетот на одржувањето на возилото од страна на возачот.
  • Изработка на извештај за состојбата на возниот парк за тековната и следната година.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Возачка дозвола - Б категорија.
  • Стручно техничко образование.
  • Искуство со контрола на возила и возачи.
  • Основни механички познавања поврзани со одржување на возилата.
  • Познавање на софтвер за ГПС контрола
  • Работно искуство во управување со возен парк.
  • Напредно познавање на MS Office алатките.
  • Организациски и комуникациски вештини. 

Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата, пратете го вашето CV на следната емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »