За компанијата: Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.
ФИБЕРНЕТ М-К...
повеќе за компанијата »ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни и јакострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго
Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на позиција:
МОНТАЖЕР НА СЛАБОСТРУЈНИ И ЈАКОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
Работни задачи:
- Инсталација на слабострујни кабли во деловни, индустриски и станбени објекти
- Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап
- Изведба на јакострујни електро инсталации (напојување, осветлување, изводи, приклучници и слично) и нивно одржување
- Монтажа на кабловски регали
- Монтажа на опрема и материјали за системи за автоматика
- Инсталација на нови системи, поврзување и пуштање во активна работа
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија, со искуство во сообраќај
- Познавање на англиски јазик
- Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови
- Комуникациски вештини
- Способност за самостојна и тимска работа
Работно време и место каде се извршува работата:
- Понеделник-Петок 8:00-16:00
- Работниот ангажман вклучува работа во просториите на ФИБЕРНЕТ, како и теренска работа на територијата на Република Македонија.
Доколку ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој во кариерата,пратете го вашето CV на следната емаил адрреса [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте на следниот линк https://fibernet.mk/job/montazer-na-slabostrujni-i-jakostrujni-instalacii/
Слични огласи »