МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ МКМ-FIB/001

  • Објавен пред 3 месеци
  • ФИБЕРНЕТ
  • Активен до 21.01.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Гостивар

Активни огласи од ФИБЕРНЕТ:

ЕЛЕКТРИЧАР EL-FIB/001

Компанијата ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е македонска компанија специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори. Компанијата е една од водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и интеграција на нисконапонски системи, оптички мрежи, комплексна мрежна инфраструктура, резервно напојување, електрични инталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Тимот на ФИБЕРНЕТ ДОО Скопје е составен од високо квалификувани и стручни лица подготвени да одговорат со квалитетни решенија од соодветната област. Тимот е во постојан пораст, па поради тоа во моментов компанијата има потреба од вработување на нови лица за работната позиција – МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.

 

МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ МКМ-FIB/001

 

Работни задачи:

  • Инсталација на коаксијална мрежа кај краен корисник и активирање на интернет услуги
  • Изведба на внатрешна инсталација во станбени и деловни објекти

 

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија, со искуство во сообраќај 
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа на зададени рокови
  • Прецизност и работливост
  • За предност за смета претходно работно искуство за бараната позиција

 

На кандидатите им нудиме:

  • Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
  • Употреба на најмодерни информатички технологии
  • Континуирано усовршување во сите области (стручни, индивидулни, итн.)
  • Можност за напредување (лично и колективно)

 

Доколку сакате нови предизвици и сакате да напредувате во кариерата, тогаш придружете му се на нашиот успешен тим кој оди напред. Аплицирајте на e-mail vrabotuvanje@fibernet.mk, со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате, во случајов МОНТАЖЕР НА КОАКСИЈАЛНА МРЕЖА ЗА ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОРИ МКМ-FIB/001.

Огласот ќе биде активен до 21.01.2019 година.

КЛИКНИ