Промовирани огласи »

Владата да најде начин за продолжување на рокот на патните исправи додека се реши пасошката криза во земјава, бара министерот Чулев. Вели дека за надминување на проблемот неопходна е политичка волја, пренесува Сител. 

-Ставање на апостилски печати со информација до сите други држави по дипломатски пат е една од опциите која што ја има Владата на располагање. За законитоста, во краен случај треба да реши Владата. Меѓутоа, сме имале случаи во меѓународни рамки каде важноста на патните исправи е продолжена со удирање на печат и испраќање на ноти до државите, вели Чулев.

Од Владата велат дека на вчерашната седница не се разговарало за пасошката криза. Доколку информацијата за ваква постапка пристигне до Влада, јавноста дополнително ќе биде известена.

Во моментот останати се уште 3.400 пасоши. 9-члена комисија составена од лекар, правник, економист и вработени во Министерството ќе одлучува за лицата кои имаат ургентни потреби за вадење пасош. Чулев вели дека приоритет ќе имаат лицата кои мора да заминат на лекување во странство, а потоа оние кои треба да учествуваат на меѓународни натпревари.

Освен пасоши, станиците за технички прегледи не издаваат и сообраќајни дозволи.

-Во текот на утрешниот ден пристигнуваат доволен број на сообраќајни дозволи, 1.500. Требало посебни материјали, а до идната недела ќе стигнат 100.000, рече Чулев.

Министерот уверува дека откако ќе пристигне пратката на пасоши граѓаните во најкус можен рок ќе ги добијат патните исправи и состојбата ќе се нормализира со работење на службите и втора смена и за викендите.

Инаку, Чулев го обвини премиерот Спасовски дека со фалсификат ги поништил во Службен весник распоредувањата во МВР, бидејќи немало одлука на Влада. Побара од Јавното обвинителство да отвори истрага.

Промовирани огласи »

Нема веќе едноставно исклучување од системот на парно греење. 

Ова следува откако властите го укинаа паушалот кој претходно го плаќаа исклучените граѓани од парно, но и откако беше намален данокот на додадена вредност за сметките за топлинска енергија, од 18 отсто, на повластената стапка од 5 проценти. 

Граѓаните за да се исклучат од парно, веќе од вчера, мора да докажуваат дека ќе се топлат на подобар енергенс, предвидува Законот за енергетска ефикасност кој стапи на сила.

„Граѓаните приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучат од системот за греење само во случај кога новиот систем на кој планираат да се приклучат обезбедува подобри енергетски перформанси“, велат од Министерството за економија кое го подготви ова законско решение.

Исто така, овие граѓани ќе треба да обезбедат писмена согласност за исклучување од системот за централно греење од мнозинството од вкупниот број сопственици на зградата.

Оние граѓани, пак, кои ќе сакаат да се приклучат на парното, односно да се вратат во системот, доколку претходно биле исклучени, тоа ќе можат тоа да го сторат веднаш, со поднесување барање за враќање во системот.

Промовирани огласи »

Швајцарија и Норвешка се најскапи земји кога се во пршање производите и услугите.

Анализата на деловниот магазин Ceoworld состави листа со 132 земји во светот кои се најскапи за живеење. На листата се најдоа и најприфатливи условите за живот. 

Заклучокот е дека Швајцарија е на прво место, Норвешка на второ место, а потоа следуваат Исланд, Јапонија, Данска, Бахами, Луксембург, Израел, Сингапур и Јужна Кореја, пишува порталот „Новац.хр“.

Истражувањето ги мери трошоците за храна, облека и обувки, даноци и комунални услуги, интернет, транспорт и ресторани. 

Македонија е на 113-то место и е една од најевтините земји за живот. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ќе издава пасоши во редовна постапка само за граѓани на кои им е неопходен, односно критериумите за приоритет во наредниот период ќе бидат неодложно лекуваат во странство, бизнис-активности, на работници кои работат во странство, за професорите и експертите кои треба да учествуваат  ба меѓународни конгреси, студенти во странство и слично.

Ова МВР синоќа го расправало на итен состанокм бидејќи во моментов има петнаесетината илјади баратели, а на располагање има само четири илјади обрасци за пасоши.

Во моментов дневно има 700 барања за овој документ, а итната постапка за вадење патната исправа е во „мораториум“.

Ваквата рестрикција се очекува да биде активна до крајот на март, до кога ќе се чека фирмата, според договорот, да ги испорача новите образци.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев пред две недели алармираше дека образците не се набавени на време.

Истата треба да ги изготви германската компанија „Веридос“ која е 40 проценти во сопственост на германската држава. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »