Промовирани огласи »

Откако деновиве беше објавено дека растат платите во Словенија, зголемување има и кај пензиите. 

Пензиите во Словенија месецов ќе бидат за 3,2 отсто повисоки во споредба со минатиот месец, јави дописникот на МИА од Љубљана. 

Покачувањето е поради таканареченото порамнување, а Фондот за пензиско осигурување за оваа намена одвои 1.720.000 евра. Луѓето  кои земаат пензија од 600 евра, овој месец ќе добијат 19,20 евра повеќе и нивната пензија ќе се покачи на 619,20 евра.

Кон крајот на годината ќе има ново зголемување на пензиите за дополнителни 6,50 евра.

Граѓаните на Словенија имаат просечна месечна заработка од 1.133 евра. 

Тоа е раст од 3,7 отсто во споредба со  минатата година.

Промовирани огласи »

Повеќе од 8.5 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните со мерката МојДДВ заклучно со јануари 2020 година, изјави Бетијане Китев од СДСМ.

Тој кажа дека досега преку Управата за јавни приходи повеќе од 6 милиони евра се исплатени кај над 325 илјади граѓани.

„Ветивме „пари назад кај граѓаните" и тоа го остваруваме. По втор пат граѓаните на своите трансакциски сметки добиваат исплата на парични средства преку мерката МојДДВ“, вели тој. 

Изјави дека мерката е препознаена и поддржана од граѓаните. 

Власта ја воведе оваа мерка, со цел да се намали сивата економија. 

МојДДВ им се допадна и на властите во Албанија, и тие планираат да го воведат. 

Просечната плата во Хрватска сега е 880 евра. 

Во декември лани таа била 6.559 куни или околу 880 евра, што е раст за 3,3 проценти на годишно ниво. Податоците ги објави Државниот завод за статистика.

Највисока просечна нето-плата за декември 2019 година е исплатена во воздушниот сообраќај, во износ од скоро 1.583 евра, додека најниската од 565 евра е исплатена во секторот производство на кожа и сродни производи.

Неодамна скокаа и платите на словенските работници. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »