Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.

Имајќи го во предвид наведеново, ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата.

Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. Воедно ја информираме јавноста дека на 19.02.2020 година, Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.

Инаку, според министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, новите пасоши коишто се очекува да пристигнат следниот месец нема да го имаат новото име на државата, рече тој на денешната прес конференција.

Како што изјави тој, причина за тоа е немање технички спецификации околу изгледот на новата патна исправа.

„Нема да бидат најверојатно веднаш со новото име заради тоа што не се утврдени техничките спецификации околу изгледот на новата патна исправа“, рече Чулев.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, изнесува 104.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.0 %) и Градежништво (11.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9.3 %), Информации и комуникации (8.4 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6.8 %).

За некои професии се заработува и до два и пол пати повеќе од државниот просек:

Таков пример е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата во декември изнесувала 68.255 денари што ги сместува вработените во оваа дејност на врвот на листата на најплатени професии.

Потоа следат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.111 денари, финансиско-услужни дејности (44.377 денари), воздухопловен транспорт (42.029 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (41.148 денари).

Во споредба со ноември 2019, просечната месечна нето плата во декември 2019 година бележи пораст за 1.049 денари.

Промовирани огласи »

Во понеделник Регулаторна комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата. 

РКЕ ја утврдува новата цена на горивата врз основа на цената на нафтените деривати на светските пазари  и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Очекуваме дали оваа недела ќе имаме намалување или пак покачување на цените.

Промовирани огласи »

Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите. За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес.
Ја поздравуваме ваквата одлука и ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »