Разговорите за работа набрзо може да изумрат. Еве со што големите компании ќе ги заменат
Оваа стратегија можно е да направи разговорот за работа да изумре во скоро време
Повеќето компании се потпираат на традиционалниот очи во очи разговор за работа како би донеле одлука за вработување на оние кои се пријавиле за работната позиција. Но ние сме тука да Ви кажеме дека разговорите за работа всушност не се добра алатка.
Еве зошто: 81% од луѓето лажат за време на разговорот за работа. Не е шега, 81%!
Едноставно кажано оваа бројка е толку висока поради нереалните очекувања од страна на работодавците. Тие всушност креираат ситуација кај луѓето кои бараат работа да бидат очајни со тоа што тие не се искрени во своите достигнувања, минати искуства и сл. За нив тоа е единственит начин за да добијат работа. Со други зборови, да речеме дека сте на разговор за работа. Доколку бидете прашани за некаква вештина која не ја поседувате, многу е јасно дека доколку признаете дека не ја поседувате таа вештина, Вие нема да ја добиете таа работа. Единствена опција која во моментот од кога ќе Ве прашаат е да зборувате околу темата, но тоа ќе остави погрешна слика за Вас.
Како нашиот мозок ни прави саботажа за време на разговорот за работа
Дури и ако добивате 100% искрени одговори од кандидатот за вработување, постои реална прашање за тоа дали ќе биде точно вашето оценување за лицето пред вас.
Луѓето несвесно имаат предрасуди кога ќе погледнат други луѓе и ги оценуваат нивните предности и вештини. Големи се шансите дека сте имале разговор за работа со атрактивна жена или маж. Еве што вели науката за вакви моменти:
1. Луѓето со подобар изглед имаат тенденција да бидат оценети како покомпетентни, интелегентни и квалификувани од нивните помалку атрактивни колеги, иако објективно не се подобри во ниту едно од овие работи.
2. Луѓето кои се повисоки имаат тенденција да бидат оценети како да имаат повеќе лидерски вештини за разлика од нивните покуси колеги. Истите резултати, исто така, се однесуваат и за жените, иако ефектот не е толку голем. Исто така, податоци собирани со децении покажуваат јасна врска помеѓу висината и платата на секоја возраст.
3. Луѓето кои зборуваат со подлабок глас се сметаат дека поседуваат поголема сила, интегритет и доверба.
Но, дали Вашиот мозок направи да поверувате во некоја од овие работи? Истражувањето сугерира дека ние не можеме а да не бидеме допрени од овие фактори, и тие влијаат на начинот на кој го водиме разговорот.
Да претпоставиме дека на разговорот за работа дојде екстровертна личност, тогаш ќе и поставите прашање од типот ”Кажете ми нешто за вашите лидерски способности?”, но да замислиме дека на разговорот дошла интровертна личност, тогаш би поставиле малку поинакво прашање, на пример ”Дали би можеле да водите група колеги?”
Иако и двете од овие прашања сепак водат кон истата тема, значајно е да се сфати дека работодавците ги креираат своите прашања различно, во зависност од нивното мислење за кандидатот за работа, што води до лажно потврдување на првиот впечаток или пак пристрасноста на оној кој што го води разговорот за работа, што е всушност многу погрешно.
Решение: Натпревар за работно место
Експертите велат дека процесот на одделот за човекови ресурси кој фаворизира разговори за работа во живо, треба да се замени со т.н. работни аудиции, т.е. вид на натпревар за работно место, релевантен за задачите за работната позиција.
Тоа е единственото нешто кое што има смисла. Музичари, пејачи и актери одат да аудиција. Луѓето кои ги вработуваат не седнуваат да ги прашуваат веќе подготвени прашања. Тие сакаат да ги видат како свират, пејат или пак глумат. Зарем нема смисла истото да се направи за перспективен работник за истата причина, пред да се потпише договор?
Пример, доколку барате да вработите трговски претставник, би требало да ја проверите неговата способност за оваа работа.
Доколку барате да вработите веб дизајнери, проверете ги нивните знаења така што ќе креираат почетна страна за вас.
Во секој случај, вашиот прв впечаток ќе биде основан на тоа како ќе видите дека кандидатот ја завршува својата работа, а не колку добро тие ги одговараат вашите претходно подготвени трик прашања.
Додека традиционалните начини за разговор за работа не заминуваат во скоро време, фокусирајќи се на проби и аудиции на кандидатите ќе бидат од клучно значење во исполнувањето на вашата цел т.е. наоѓање на вистинскиот работник. Со ова исто така ќе се скрати времето на читање на резиме со цел да се вработи работник, што ќе допринесе вид заштита на компаниите од губење на продуктивноста, која резултира кога работниците се отпуштени од работа поради нивните добри ”актерски” способности.