Промовирани огласи »

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.

Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.

Покрај оваа мерка, министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.

Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишна и ќе се финансира од даноци.

Промовирани огласи »

По две години чекање, ЕЛЕМ Турс конечно ја пушти во употреба новата шестоседна жичница во најголемиот зимски туристички центар во Македонија - Попова Шапка.

Новата аквизиција го означи стартот на работата сп присутво на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Садула Дураки, министерот Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ.

Работата на овој проект се движеше во застој повеќе години, а требаше да биде реализиран минатата скијачка сезона.

Иницијативата „Спас за Попова Шапка“ тврдеше дека АД ЕСМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја градеше шестоседната жичница, и дека поради тоа се одложува техничкиот прием.

Промовирани огласи »

Околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој во одговор на новинарско прашање информира дека еко-автобуските во моментов се наоѓаат во фабриката на МАН на увид. Еко-автобусите, додаде тој, се со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак, а внатрешноста на овие автобуси уште се работи.

Од јавното сообраќајно претпријатие денеска ми ги пратија сликите од еко-автобусите, а во моментов МАН врши нивен надзор. Нашиот МАН е премиум производител, не е некој непознат кинески произведител, со кои сега имаме проблем во набавка на новите делови, поради коронавирусот, рече градоналаникот Шилегов.

Промовирани огласи »

Со задоволство би сакале да Ве информираме дека е склучен меморандум за соработка помеѓу KARIERA.mk, МОТИВИ (Агенција за привремени вработување, регрутација, headhunting...) и Асоцијација на метална и електро индустрија - МАМЕИ. Со овој меморандум докажуваме дека како општествено одговорни компании дополнително ќе се залагаме за помагање на стопанството и отворање на нови работни места.

МАМЕИ брои околу 40 компании за кои ги отвараме вратите за дополнителна соработка. 

Тековно ќе ги информираме сите членови на KARIERA.mk и МОТИВИ за идните вработувања.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »