Промовирани огласи »

Загадувањето претставува најгорлив здравствен ризик за животната средина, со кој се соочува населението во светот. Тоа го покажуваат податоците од извештајот за квалитетот на воздухот за 2019 година, што беше објавен завчера од страна на „Ајкју-ер ер-вижуал“. За среќа, Скопје не е повеќе меѓу најзагадените градови во светот.

Во Индија се наоѓаат 14 од вкупно 20 најзагадени градови на планетата, според концентрацијата на ПМ 2,5 честичките. Газијабад, град во близината на Њу Делхи, кој е главен град на провинцијата Утар Прадеш, е прогласен за најзагаден во светот со просечна концентрација на ПМ 2,5 честички од 110,2 микрометри на кубен метар што е единаесет пати повисоко ниво од пропишаната граница на СЗО. Тоа беше и причината зошто лани во јануари таму Владата воведе национална програма за чист воздух, која има цел да ги намали ПМ 2,5 честичките и позначајните ПМ 10 честички во загадувањето на воздухот во 102 града за 20-30 отсто до 2024 година, во споредба со нивоата од 2017 година. Неколку кинески градови, вклучувајќи го и Пекинг, кој некогаш беше познат по маглата, значително го поправи квалитетот на воздухот во изминатите неколку години со тоа што просечната концентрација на честичките опадна за девет отсто од 2018 до 2019 година, според извештајот.

– За Пекинг ова беше приоритет. Во Кина кога нешто ветуваат, тоа го исполнуваат преку вклучување на сите расположиви ресурси. Во Индија сега почнуваат да се преземаат мерки. Народот мора да изврши поголем притисок врз Владата – вели Јан Бокилод, директор за следење на квалитетот на воздухот во „Ер-вижуал“.

Се поставува прашањето дали и кај нас се презема нешто повеќе за да имаме почист воздух по сите протести на граѓанските здруженија за чист воздух, се прават ли некакви анализи, мерења, кои покажуваат каков е квалитетот на воздухот во однос на изминатата година, или можеби на зимските месеци во изминативе години во однос на годинашниве. Од Министерството за животна средина и просторно планирање тврдат дека има тренд на намалување на високите концентрации на ПМ 10 честичките.

– Во текот на 2020 година ќе продолжи усогласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Се очекува донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за квалитет на воздухот, со кои се прецизира начинот на усвојување на планските документи на ниво на единиците на локалната самоуправа, нивна проверка и одобрување од централната власт, дефинирањето мерки во локалните краткорочни акциски планови, како и контролата на имплементацијата од страна на инспекциските служби – велат од министерството.

Извор: novamakedonija.com.mk

Промовирани огласи »

Дадовте отказ и барате нова работа? Јасно ви е дека на следното интервју за работа ќе ви биде поставено прашањето зошто ја напуштите претходната работа.

Постојат разни причини за откажување: можеби не сте се согласувале со вашиот шеф, можеби ви недостасувал предизвик на работното место, но сметајте дека интервјуто за работа не е совршено место за разговор за тоа колку го мразевте својот поранешен шеф.

Овие три совети ќе ви бидат од помош:

Одговорете позитивно

На интервју за работа, комуникацијата секогаш треба да биде позитивна. Еден начин како да одговорите на ова прашање е да кажете дека сте навистина благодарни на вашиот поранешен работодавец за можноста и колку научивте во претходната работа. На овој начин ќе звучите професионално.

Не влегувајте во детали

Не влегувајте во детали за тоа зошто сте дале отказ. Може да кажете дека барате нови предизвици, а работата во нивната компанија го нуди токму тоа.

Фокусирајте се на иднината

Разговарајте за тоа што очекувате во иднина. Поврзете ги тековните вештини и знаења со вашите планови за иднината и оставете впечаток на личност која е полна со потенцијал и простор за напредок.

Промовирани огласи »

Нова видео анимација покажува како коронавирусот со брзината на ширење ги надмина САРС, МЕРС, епидемијата на ебола и свински грип, пишува Дејли меил.

Анимација на компанијата „Абакаба“, која е објавена на Јутјуб на 12 февруари споредува како брзо се ширела секоја од наброените болести откако еднаш се пријавени првите случаи.

Така се гледа дека од почеток вирусот корона се ширел побавно од еболата, САРС и свинскиот грип. Но, 41 ден по избивање на епидемијата, имало 243 заболени од ебола, 182 од МЕРС, 520 од свински грип, а 3600 од САРС. Во споредба со тоа, 41 ден од избивање на епидемијата на корона вирусот, на 12 февруари имало повеќе од 41 700 заразени во светот, додека тој број денес изнесува над 80 000.

Поранешен службеник во Центрите за контрола и превенција на болести, д-р Роберт Ајмлер, изјавил за „Дејли меил“ дека бројни патувања низ Кина - од каде потекна и вирусот од градот Вухан - и можноста за пренесување на вирусот преку воздухот придонесоа за негово брзо ширење.

Новиот вирус потекнува од семејството корони, што значи дека е роднина на САРС и МАРС, меѓутоа, до моментот кога епидемијата на САРС се намалила во мај 2004 година, биле заразени 8.098 и 774 умреле, што е стапка на смртност од околу 10 проценти. . Во ноември 2019 година, имало 2.494 потврдени случаи на пациенти со МЕРС и 858 смртни случаи, со стапка на смртност од 34 проценти. Засега, новиот вирус корона - Ковид-19 - изгледа помалку смртоносен, но се шири многу брзо.

Д-р Ајмлер смета дека ова брзо зголемување на заразни случаи веројатно се должи на Кина - од 82.000 потврдени случаи, повеќе од 78.000 се од оваа источноазиска земја.

- Најголемата експлозија се случи во Кина и тоа веројатно се должи на огромниот број патувања низ целата земја - рече тој.

Нова епидемија на вирусот избувна во пресрет на Лунарната нова година, кога луѓето ширум светот отпатуваа за Кина за да слават, што е е една од најголемите миграции во светот. Помеѓу 21 јануари и 1 Март се очекуваа три милијарди патувања во земјата.

Новата анимација ја спореди и тековната појава на ебола во Западна Африка во 2014 г. Еболата се пренесува преку крв а не преку воздух, додека САРС, МЕРС и новиот вирус се респираторни, поради што оваа смртоносна болест не се шири толку брзо.

-И покрај фактот дека еболата е различна, карактеристика на сите епидемии е што на крајот завршуваат - вели Ајмлер.

Тој смета дека епидемијата на новиот корона вирус наскоро ќе заврши, но препорачува луѓето да останат претпазливи и да преземат лични мерки на претпазливост, особено честото миење на рацете и избегнување контакт со пациентите. Тој им препорача на патниците да носат свои перници и ќебиња во авионите.

Промовирани огласи »

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов. Во Прилеп за денеска напладне е закажана итна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – донесување одлука за откажување на 19-иот меѓународен карневал „Прочка 2020". Денеска и Владата треба да го разгледува предлогот на Министерството за здравство за еднонеделна забрана на сите јавни собири.

Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

„Јас го откажав учеството на сите групи кои требаше да дојдат на карневалот. Цела ноќ не сум спиел и некои групи буквално ги враќав од границите. Планирам во текот на денот да одржиме прес-конференција со градоначалникот Коста Јаневски на која ќе соопштиме повеќе детали“, рече Цицимов. Дополнитено ќе се утврдат термини во кои ќе се одржат главните манифестации на Струмичкиот карневал.

На интернационалната карневалска вечер, што беше закажана за утре, требаше да учествуваат 46 карневалски групи од земјава и странство со над 1.200 учесници.

Од Прилеп велат дека одлуката на Советот треба да биде превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.

Со одлуката ќе значи дека се откажуваат сите тридневни карневалски организациски активности: денешната изложба на маски, утрешниот детски и големото карневалско дефиле што требаше да се одржи в недела.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »