Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45 денари.

За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 30,390 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.

Промовирани огласи »

Денеска напладне Регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на нафтените деривати се зголемија во прoсек за 1,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 17.02.2020 година.

Од 25.02.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,50 ден/лит и сега изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,425 ден/кг и изнесува 33,565 ден/кг.

Промовирани огласи »

Владата ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Таа ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на корона вирусот.

Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата ги уверува граѓаните и јавноста дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно, се наведува во соопштението.

Промовирани огласи »

Од утре (1 март) во Германија стапува во сила нов Закон за доселување стручни работници, кој ќе се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, што значи и од Македонија. Процесот на издавање на визи за квалификуваните работници кои се бараат на германскиот пазар на труд во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа

Со новиот закон под стручњаци ќе се сметаат сите квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование. 

Со овој закон се смета дека побрзо ќе се одвива признавањето на дипломите и тоа да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи. 

Прописите ќе му овозможат на германскиот работодавач да делува побрзо, а исто така и германската амбасада.

Секој работник од третите земји кои ги има потребните стручни квалификации, може да дојде да работи во Германија.

. По четиригодишен престој, стручњаците можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »