Игор Рудан, еден од најуспешните и цитирани научници во Хрватска, член на Кралското друштво на Единбург и иницијатор на училиштето 21-от век, им се обрати на новинарите и ја коментираше појавата на вирусот корона.

За почеток, тој зборуваше за важноста на одредени информации и нивниот контекст.
-Не се случува апсолутно ништо што науката не можела да го предвиди или очекува, туку имавме шест коронавируси во човечката популација, а овој сега е седми. Куп информации кружат во медиумите, но ако се занимавате со тие работи не знаете што е важно а што не. Гледам дека многу нешта поминуваат како многу важни. Кога некој каже дека 2 отсто од починатите или 7 отсто од починатите не е исто кога се каже дека тој процент е на починати во некој старечки дом или вкупна популација-вели Рудан.
„ПРЕТЕРАНА ПАНИКА“
Тој додава дека паниката во светот е претерана.
-Јас за жал не можам да тврдам дека нема да има починати, како што вообичаено има и од грип и од сообраќајни несреќи, но размерите се друга работа - наведува тој.
Што се однесува до мутацијата, рекол дека вирусот би можел да мутира во две насоки, симптомите да станат посилни, но и можност вирусот да ослаби.
-Ова не е ништо надвор од она со кое се занимаваат научниците, немојте да се грижите - убедува Рудан за Индекс.хр.
Тој повика да не се претерува со паниката и дека сите заинтерсирани ја следат неговата серија објави за корона вирусот на социјалните мрежи.
Нагласува дека засега нема причини за паника.