Промовирани огласи »

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот.

Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти. Можно е одделот целосно да биде затворен. Пациентите коиѓто се хоспитализирани исто така.

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штити своето здравје и здравјето на населението. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, кажа Филипче.

Промовирани огласи »

Wizz Air, Најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот. 

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.  

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.  

Од виокомпанијата  посочуваат дека може да ги информираат само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата. Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции - вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. 

Промовирани огласи »

Mногу мал пад на невработеноста има во државата. 

За половина процент се намалила невработеноста во четвртиот квартал од 2019 година,  во однос на претходните три месеци во 2019-та година.

Од 17,1 отсто невработеноста во 2019 заврши на ниво од 16,6 отсто. Највисока невработеност има кај младите до 24 години и таа изнесува 35 отсто.

Oва може да се види од податоците на Државниот завод за статистика. 

Сепак, Македонија е лидер во регионот по високата стапка на невработеност. Младите најтешко доаѓаат до работа. 

Промовирани огласи »

ЕДУСОФТ објавува оглас за .NET програмер: https://kariera.mk/job/ZiOFFfoRKEC-DhsZNYfHBA/net-programer

Том Таилор објавува оглас за своите продавници во Скопје - Сити Мол и Капитол Мол за позицијата АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/_osmeh5Z-UysVXlX7AwFLA/asistent-vo-prodazhba-vo-siti-mol

Виталиа Скопје вработува АНАЛИТИЧАР НА ПРОИЗВОДНИ ТРОШОЦИ: https://kariera.mk/job/F5he_pa0OEmRGshnwYCFYg/planer-na-proizvodni-troshoci

Мелон Солушнс, членка на Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје има потреба од ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ: https://kariera.mk/job/ObP2GHguUUOqL5v_0-iPNA/telefonski-operatori

Декра за потребите на клиент од Хрватска ја објавува позицијата РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН: https://kariera.mk/job/Izt5-mhDmEm8ZGyPklUPTQ/rabotnik-vo-restoran

Водечкиот центар за дигитално печатење во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст и вработува ФИНИШЕР: https://kariera.mk/job/VToxcRKn_UirqpMcaW9-OA/finisher

Cake Boutique има потреба од СЛАТКАР/ДЕКОРАТЕР со уметничкии вајарски вештини: https://kariera.mk/job/Z9SsXHeV00SxX079h8-XlQ/slatkar-dekorater

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »