Планер на производни трошоци

  • Објавен на 3.2020
  • Виталиа
  • Активен до 19.03.2020
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Скопје

ВИТАЛИА Скопје вработува Аналитичар на производни трошоци

 

При секојдневните производни анализи и пресметка на производни трошоци ти ќе бидеш лицето на Виталиа.

Во рамките на твојот тим ќе добиеш поддршка за професионално усовршување, како и пријатна колегијална и работна средина.

По успешно помината обука и позитивна оцена за твојот перформанс ќе добиеш моженост за кариерно унапредување до лидерска позиција.

 

Нудиме одлична можност за здрави навики во ВИТАЛИА.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование- економски факултет; 
  • Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Добро познавање англиски јазик;
  • Искуство во аналитика и изработка на извештаи; 

 

Краток опис на основните одговорности:

  •          Пресметува цена на чинење на производите за потребите на менаџментот и продажбата.
  •          Известува за трошоци поврзани со: набавката на материјали, начинот на обработка, директните и индиректните трошоци на производството, доработките, шкартот, персоналните трошоци, рекламациите, трошоците настанати по основа на гаранции и др.
  •          Изнаоѓа и применува напредни методологии за инженеринг на трошоци.
  •          Изготвува редовни аналитички извештаи.
  •          Извршува контрола на реалните и предвидени трошоци поврзани со поголеми проекти
  •          Врши оптимизација на ресурсите на компанијата.
  •          Предвидувања на трошоци, изготвува симулации со избор на повеќе опции, предлага решенија со најголеми заштеди.

 

Како да се аплицира:​

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов маил [најави се за да го видиш е-маилот]  


Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Виталиа Скопје е лидер во категоријата здрава храна во Македонија со 25 години традиција, богато портфолио на здрави производи и број еден позиција на пазарот.

 

Ве очакуваме.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »