Промовирани огласи »

Владата денеска донесе уредба со законска сила за запирање на извршните дејствија на извршителите до 30 јуни.

Извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

  • Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;
  • Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;
  • Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите до 30 јуни.

Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 1 до 29 февруари годинава се продолжува до 31 март годинава.

„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.“- соопшти УЈП.

Промовирани огласи »

Новите обрасци за пасоши пристигнаа во земјава, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Новите обрасци за пасоши пристигнаа. Сега во оваа ситуација се разбира нема голем интерес, бидејќи и границите се затворени. Сепак, има некои граѓани кои и сега аплицираат, во најголем дел тоа се луѓе кои сакаат да аплицираат за виза, па имаат потреба од број на важечки пасош, рече Чулев.

Промовирани огласи »

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници, соопшти компанијата.

„Алкалоид АД Скопје“ денеска донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите, се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи, секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето, соопшти компанијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »