Промовирани огласи »

Владата ја донесе уредбата со која ќе се воведе одложување на исплатата на ратите од кредитите на граѓаните и фирмите, како и други поволности за клиентите на банките и штедилниците додека трае кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус. Иако во уредбата не се споменува конкретен период, министерката за финансии Нина Ангеловска, на прес-конференција на 22 март, кажа дека ќе има мораториум од три месеци за исплаќање на ратите, а, како што рече тогаш, некои банки се расположени и за повеќе од три месеци.

Промената на условите за исплата на кредитите ќе се изврши без да се посетуваат експозитурите и филијалите, и тоа преку:

-објава на своите веб-страници со понуда за промена на условите за плаќање на кредитите и/или
-одделно известување на клиентите, преку електронска и/или писмена комуникација.

„Со Уредбата е утврдено дека ако физичкото лице, во рок од десет дена од објавувањето, односно добивањето на понудата, писмено или електронски не ја извести банката/штедилницата дека го одбива понуденото олеснување на финансискиот товар, ќе се смета дека понудата за промена на договорните услови е прифатена. За да ги искористат понудените поповолни договорни услови, правните лица ќе треба писмено или електронски да ја известат банката или штедилницата дека ја прифаќаат понудата. Ако правното лице не го стори тоа во рок од десет дена, во согласност со Уредбата ќе се смета дека понудата не е прифатена“, соопштија од Народна банка.

Банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности:

-одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;
-пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;
-пониска каматна стапка и сл.
-Ова важи за сите кредитни производи:
-потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;
-кредитни картички;
-дозволено пречекорување (одобрен минус)
-кредити на фирмите.

Промовирани огласи »

За разлика од тестовите кои покажуваат дали некој во моментот е заразен со Ковид-19, антитела-тестовите покажуваат дали некој веќе имал коронавирус во своето тело.

Новата надеж на Британците во борбата против коронавирусот се вика антитела-тестови. Хафингтон Пост ги пренесува најновите информации во врска со овие тестови, за кои премиерот Борис Џонсон веќе најави дека ќе бидат купени во обем од „стотици илјади“.

Овие тестови се различни од тестовите за откривање што сега се користат ширум светот, кои откриваат дали луѓето во моментот се заразени со Ковид-19. Антитела-тестовите покажуваат дали некој веќе имал коронавирус во своето тело.

Значи, овие тестови, кои уште се нарекуваат и серолошки, откриваат дали некој во својата крв има антитела, кои неговиот имун систем веќе ги создал борејќи се со вирусот. Тоа исто така значи дека луѓето кои имаат вакви антитела имаат создадено некаква резистентност кон вирусот при повторен контакт со инфицирано лице.

Промовирани огласи »

Објавен е јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата од Љубљана.

Предмет на овој јавен повик е организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство. Со овој јавен повик е утврдена следната дестинација за чартер летови: Љубљана – Скопје (215 патници), информираа од Владата. 

 Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот. Сите детали ги има на веб сајтот на Владата. 

Промовирани огласи »

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

„Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот! Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, соопштуваат од Владата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »