Промовирани огласи »

Компанијата Microsoft претстави неколку нови уреди, а фокусот е на лаптопот Surface Book 3 и таблетот Surface Go 2.

Surface Book 3 нема некаков радикален дизајн бидејќи се направени поголеми промени на хардверот, додека Surface Go 2 ги поседува двете.

Лаптопот го има најновиот процесор на Intel од десеттата генерација, а достапен е во 13,5 и 15-инчна верзија.

Помалиот има Core i5 и Core i7 процесор, а основниот модел чини 1.599 долари.

Поголемиот модел од 15 инчи е достапен со Core i7 процесор. Од Microsoft порачуваат дека Surface Book 3 е развиен за да одговара на дизајнери, инженери и гејмери. Затоа може да добиете и до 32 GB RAM и 2 TB PCie NVMe SSD меморија.

Surface Go 2 e најмалиот таблет во семејството Surface кој доаѓа со освежен дизајн и хардвер. Доби поголем екран од 10,5-инчи со резолуција од 1.920х1.280 пиксели. Основниот модел има Pentium Gold процесор и чини 399 долари.

Промовирани огласи »

Владата во следниот сет на економски мерки размислува директно да вбризгува готови средства кај граѓаните, односно домаќинствата со цел да се зголеми јавната и личната потрошувачка.

Една од варијантите е пари да добиваат граѓаните на своите сметки за да ја зголемат личната потрошувачка која поради корона кризата и стравот од неизвеснота се очекува значително да се намали.

ТВ 24 дознава за оваа мерка се планираат околу 70 милиони евра, од кои оцијалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите, да добијат еднократна парична помош која би можела да стигне и до 10 илјади денари. 

Парите ќе треба да се потрошот во одредени категории, а критериум на доделување ќе биде имотната состојба.

Од друга страна, не само што не се размислува да се кратат средства за капиталните инвестиции, туку да се троши и за нови проекти кои, инаку биле планирани за подоцна, со цел да се зголеми и јавната потрошувачка.

Третиот економски пакет што го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  треба да биде прифатен од Владата, па ќе им се даде на разгледување на стопанствениците, а во него ќе има мерки и за туризмот и земјоделието, како и за други дејности.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок” да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31 мај 2020 година.

По истекот на законскиот рок на  1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

Промовирани огласи »

Стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со којашто укинат е надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани коишто ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.

Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите коишто ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредитоспособноста. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.

Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот. Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

Активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски.

Со укинувањето на надоместокот за издавање податоци од Кредитниот регистар, Народната банка настојува во овој период и дополнително да придонесе за намалување на финансискиот товар на граѓаните, во согласност со своите надлежности.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »