Промовирани огласи »

Владата во следниот сет на економски мерки размислува директно да вбризгува готови средства кај граѓаните, односно домаќинствата со цел да се зголеми јавната и личната потрошувачка.

Една од варијантите е пари да добиваат граѓаните на своите сметки за да ја зголемат личната потрошувачка која поради корона кризата и стравот од неизвеснота се очекува значително да се намали.

ТВ 24 дознава за оваа мерка се планираат околу 70 милиони евра, од кои оцијалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите, да добијат еднократна парична помош која би можела да стигне и до 10 илјади денари. 

Парите ќе треба да се потрошот во одредени категории, а критериум на доделување ќе биде имотната состојба.

Од друга страна, не само што не се размислува да се кратат средства за капиталните инвестиции, туку да се троши и за нови проекти кои, инаку биле планирани за подоцна, со цел да се зголеми и јавната потрошувачка.

Третиот економски пакет што го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  треба да биде прифатен од Владата, па ќе им се даде на разгледување на стопанствениците, а во него ќе има мерки и за туризмот и земјоделието, како и за други дејности.

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Оттаму ги повикуват регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок” да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

Граѓаните, како што наведуваат од УЈП, може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31 мај 2020 година.

По истекот на законскиот рок на  1 јуни 2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

Промовирани огласи »

Стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со којашто укинат е надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани коишто ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.

Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите коишто ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредитоспособноста. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.

Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот. Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

Активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски.

Со укинувањето на надоместокот за издавање податоци од Кредитниот регистар, Народната банка настојува во овој период и дополнително да придонесе за намалување на финансискиот товар на граѓаните, во согласност со своите надлежности.

Промовирани огласи »

Асат дознава дека Владата нема скоро да го ослободи работењето на моловите, обложувалниците и угостителските објекти по завршувањето на состанокот на работната група со Комисијата за инфективни болести. 

Денес се решаваше дали ќе започне транзициската фаза со ослободување на овие мерки, но до истите нема да дојде поради зголемувањето на бројот на заразени лица во последните три дена.
Телевизијата неофицијално  дознава дека нема да има олеснување на мерките, а членовите на Комисијата на ова тема ќе дебатираат повторно некој ден од понеделник па натаму.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »