Промовирани огласи »

Италијанскиот Парламент разгледува предлог закон, доставен од владејачката Демократска партија, со кој компаниите би биле должни на своите вработени жени кои имаат болна менструација, да им дадат по три дена платен одмор секој месец.

Доколку законот биде усвоен, Италија ќе стане првата европска земја во која вработените жени ќе имаат право на службен одмор за време на месечниот циклус.

Предлог законот е оценет од локалните медиуми како „позитивен чекор во помошта на жените кои страдаат од болни менструации“. Меѓутоа, тука се и критичарите, дури и меѓу жените. Имено, некои од поборничките за женски права стравуваат дека овој потег може да има контраефект во борбата за еднаквост.

Италија е меѓу земјите со најниска стапка на учество на жените на пазарот на трудот, со 61 насто, што е далеку под европскиот просек од 72 насто.

– Доколку им биде дозволено на жените да земаат три дена платен одмор секој месец, тоа ќе значи поголема предност за мажите при вработување, смета активистката Лоренца Плеутери.

Италија, инаку, веќе има закон кој на жените им обезбедува пет месеци платено породилно отсуство, со право на 80 отсто од платата, а покрај тоа и двајцата родители имаат право на шест дополнителни месеци родителско отсуство со право на 30 отсто од платата.

Постојат и стравувања дека ваквиот закон ќе ги засили предрасудите околу преголемата чувствителност на жените во „оние денови од месецот“.

Слични закони веќе постојат во некои кинески провинции, Јапонија и Јужна Кореја, а таква пракса имаат и некои приватни компании, како што е „Најк“.

Промовирани огласи »

Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат малите и средните бизниси.

Агенцијата Марили утре и задутре го организира 21-от избор на Топ најуспешни жени менаџерки за 2016 година. Прогласувањето ќе се одржи на 30-ти овој месец, додека утре во рамки на манифестацијата ќе се одржи тематскиот ден посветен на жената.

Топ 10-те жени менаџерки се: Сузана Блажевска, генерален менаџер на „Афродита С“ – Скопје, Елена Василевска Ѓеоргиева, заменик-генерален менаџер на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје, Олгица Ѓоргиева, генерален менаџер на Модно ателјe „ГО Ѓоргиева Олгица“ – Скопје, Елена Антоновска Едизер, генерален менаџер во „Арс Луцида“ – Скопје, Билјана Караманолеска, генерален менаџер во „Светот на колорес“ – Скопје, Ена Норнилд, генерален менаџер во „Дан-Мак“ – Скопје, Енкеледа Стефановска, генерален менаџер во „Ад Вербум“ – Скопје, Елида Трајковска, генерален менаџер „Секјуриком“ – Скопје, Александра Марковиќ Цветановска, генерален менаџер во „Вардар Експрес Травел“ – Скопје и Викторија Шотароска, генерален менаџер во „П.И.К. Ко“ – Скопје.

Генералната менаџерка на агенцијата Лидија Трипуноска вели дека во конкуренција биле 30-40 жени и од избраните 90 отсто од  жените се на позиција генерални менаџери и на таа позиција се подолги години.

За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Доаѓаат исклучиво од приватниот  сектор, од целата држава, а кога е можно се вклучива и дијаспората. Жените доминираат во услужните дејности и во областа на финансиите. Најчесто водат малите и средните бизниси.

Според Трипуноска, овие избори придонесоа за подигнување на нивото на перцепција за жената во нашето општество и во бизнисот.

– Таа традиција и прогласувањето на  најуспешни жени менаџери ги помести границите за тоа како се гледа на жената. На тоа дека всушност таа може да биде рамноправна, не само во работниот однос, туку и во делот на тоа да може да координира, да може да организира. Значи, се она што подразбира менаџирањето,  да биде одговорна и на неа да се гледа како на сериозен субјект во бизнисот, а верувам тоа е  препорака и воопшто за општеството и за високи позиции во општеството, истакнува Трипуноска.

Досега се избрани 210 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а минатата година по повод јубилејот 20 години беа избрани 20 .

Годинава Марили го организира третпат тематскиот ден кој е посветен не само на жените менаџерки, туку и на секоја современа жена. Тој е тематско надополнување на манифестација, односно содржинско надополнување на манифестацијата.

Утре ќе биде понудена едукација во областа на медицината, фармацијата, стоматолигјата, козметологија, бизнис психологија, мода.

Промовирани огласи »

Технолошкиот гигант Apple се соочува со можна истрага на Нов Зеланд по извештајот дека во таа земја не платил данок најмалку 10 години.

Apple избегнал да плати данок и покрај заработените милијарди долари, пренесуваат медиумите.

Истрагата на весникот New Zealand Herald откри дека тамошниот огранок на Apple од 2007 година данокот од 37 милиони новозеландски долари, или 24 милиони евра, наместо на Нов Зеланд, го платил во Австралија.

Компанијата на новозеландскиот Apple е регистрирана во Австралија, а овие две земји имаат договор според кој даноците се плаќаат во само една од нив.

Apple соопшти дека работел според законот, но сепак се најде на удар на новозеландските политичари.

Некои даночни аналитичари го нарекоа договорот необичен, бидејќи австралиската даночна стапка за корпорациите е 30 отсто повисока од онаа на Нов Зеланд.

Apple последните години се соочува со притисоци заради префрлање на профитот во оф-шор зоните, заради што се водат постапки во рамки на Европската унија(ЕУ).

Промовирани огласи »

Предлог- протокол за социјален напредок ќе презентира денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Протоколот е клучен документ-платформа за обезбедување на социјалниот напредок во Македонија и е од фундаментално значење за подобрување на состојбата на работниците, информира ССМ.

Документот е изготвен во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија, а што го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »