Промовирани огласи »

Во ек на политичка криза Народната банка регистрира раст на кредитирањето на наслението. На крајот на феврурари годинава, податоците покажуваат дека и натаму потрошувачките кредити со раст од 13 отсто се најбарни, пораст има и кај станбените кредити, но помалку се барале кредити за автомобили.


На крајот на февруари годинава, вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 4,5 милијради евра. И покрај потезите на Нардната банка за раст на кредитирањето преку намалување на каматите за депозитите, а потоа и за кредитите, од банкарскиот сектор велат дека засега не планираат надолна корекција на каматите за кредитите.. 
 


Во моментов, не планираме намалување на каматите Банките се со високо ниво на ликвидност, но прашање е каде да се пласираат парите. А, во услови на зголемена понуда на пари, а намалена побарувачка, особено кај правните лица, може да се очекува намалување на каматите и во тој случај прво би имало намалување на каматите на депозитите, а поради притисок од конкуренцијата, и на кредитите - велат од НЛБ банка.


Банкарите коментираат дека политичката криза има влијание во секторот, и тоа е најизразено преку намалениот број на инвестициски кредити од фирмите поради недостиг на проекти. На ниво на вкупниот банкарски сектор е регистриран пад на корпоративните кредити, кои пак фирмите ги земаат за тековна ликвидност, а не за инвестициски потези. Во февруари, кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележано месечно намалување од 1,2%. 

Промовирани огласи »

Размислувате да започнете бизнис во странство? Некои држави се далеку подобра опција од други.

Листата, изготвена од Универзитетот Вартон и фирмата Y & R, разгледала 80 земји и ги избрала оние од нив кои нудат најдобри услови за бизнис потфати.

Предвид е земен широк спектар на фактори, меѓу кои оданочување, развојот на претприемништвото, квалитетот на животот, цените во производството, нивото на бирократија, транспарентноста на администрацијата, корупцијата и др.

Еве и кои држави се во топ 9:

9. Норвешка - главната предност на земјата е транспарентноста и недостатокот на корупција. Минус се високите даноци.

8. Нов Зеланд - земјата исто така може да се пофали со транспарентни и брзи процедури при започнување на бизнис.

7. Канада - висок стандард на живот и квалификувана работна сила се силните страни на оваа држава.

6. Шведска - придобивките се слични на оние на Норвешка.

5. Финска - се одликува со транспарентност, отвореност кон странските инвеститори и подобар животен стандард.

4. Данска - не е изненадувачки дека уште една скандинавска земји е во челото на листата. Условите за бизнис и таму се многу погодни за инвеститорите.

3. Швајцарија - конкурентна даночна средина, транспарентно управување, ниско ниво на корупција.

2. Луксембург - често опишувана како „даночен рај“, земјата нуди одлични услови за бизнис.

1. Панама - даночниот азил на светот. За жал таму корупцијата е многу распространета на сите нивоа и тоа ги повлекува бизнисмените назад.

Промовирани огласи »

Според податоците на германскиот економски весник Wirtschaftswoche постојат големи разлики во просечните месечни плати во Германија. Ова се должи најмногу на секторот во кој работи работникот. Германското издание пишува дека разликата во средното месечно плаќање на вработените достигнува неколку илјади евра.

Податоците покажуваат дека најмалку во Германија заработуваат вработените кои работат во областа на личните услуги во фризерските салон или салоните со перење.

Податоците за просечната месечна плата во Германија се објавуваат по повод одговорот на федералната влада на барање во парламентот на пратеничкиот претставник на левичарската партија Сабине Цимерман.

Во долниот раб на скалата на приходи се вработените кои работат со хемиско чистење, салони за убавина, погребалните домови, сауна, солариум и бањите. Кај нив просечната плата е 1672 евра бруто месечно.

Следува персоналот кој работи во коцкарниците и обложувалниците кој добиваат во просек по 1676 евра месечно, вработените во приватните домаќинства со 1707 евра и вработените кои работат на размена и обезбедување на персонал кој добиваат по 1758 евра просечно месечно.

Според податоците на Wirtschaftswoche најдобро платените вработени во Германија се оние кои работат во секторот на нафта и природен гас, а исто така и при рафинирање на нафта. Тие добиваат просечна месечна плата во износ од 5200 евра, што е околу 3 пати повисока плата во споредба со најниските плати.

Од германското издание прецизираат дека вработените на осигурителни и пензиските друштва исто така уживаат добри средни месечни плати, кои достигнуваат 4 853 евра.

Промовирани огласи »

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

– Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот, истакна Поповски.

Веќе има информации, додаде, дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство.

– Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен, потенцира Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања, подвлече дека во Македонија не се намалува ниту бројот на живина, а фармите ги задоволуваат и домашните потреби за свежо свинско месо.

Од јануари годинава Македонија е ставена и на листата за извоз на конзумни јајца, живина, живинско месо и риби на пазарите во ЕУ. Почната е постапка и за извоз на производи од риба, додека за извоз на свинско месо и производи од свинско е неоопходно земјава да добие статус на слободна од болеста класична свинска чума и да ја прекине политиката на вакцинација на свињите против оваа болест.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »