Промовирани огласи »

Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис,организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно 5 грантови по 4.000 евра.

Акцелераторската програма, која траеше од април до јуни 2020 година, имаше за цел за овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години, кои имаат идеја за почнување на сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја, а истата се содржеше од 5 фази:

·  Предакцелераторска програма – организирани беа 2 вебинари на теми „Генерирање бизнис идеи“ и „Решавање проблеми и бизнис канвас“

·  Подготовка на бизнис канвас – учесниците изработуваа бизнис канваси за своите идеи

·  Селекција на најдобрите бизнис идеи – 50 учесници изработија бизнис канваси и аплицираа во следната фаза, каде најдобрите 10 бизнис канваси беа избрани да преминат во следната фаза на изработка на бизнис план

·  Акцелераторска програма за изработка на бизнис план – одржани еден вебинар на тема „Изработка на бизнис план“ и одржани менторски сесии за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план

·  Бизнис план натпревар и доделување на грантови – наградени 5 најдобри бизнис идеи со по 4000 евра поддршка за почнување на бизнисот.

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија поддршка за почнување на сопствените бизниси се:

·  Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини

·  Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби

·  19 Мотор М, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор

·  Камера Обскура, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции

·  Маткасе Дооел, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).

Активностите се спроведуваат како дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Промовирани огласи »

Намалената изложеност на тутун во дел од производите кои се пласираат на пазарот не ги прави безопасни или пак помалку штетни за здравјето на граѓаните. Ова во соопштение до медиумите го истакна Светската здравствена организација директно посочувајќи го простот на iqos уредите кои на пазарот се промовираат како поздрава замена за цигарите кои имаат помалку штетно влијание на здравјето.

СЗО во соопштението ја искористи можност да ги потсети земјите кои се членки на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО за нивните обврски согласно конвенцијата. Загреаните производи од тутун се производи од тутун, што значи дека оваа рамковна конвенција целосно се применува и на овие производи,  велат од Светската здравствена организација.

Во соопштението објавено од СЗО се вели дека кај уредите кои се замена за стандардните цигари има помало присуство на одредени аеросоли во споредба со стандардните цигари, но истражувања покажуваат дека во друга група на аеросоли состојбата е спротивна. Сите производи од тутун преставуваат ризик за здравјето и во таа насока Светската здравствена организација побара целосно спроведување на рамковната спогодба за контрола на тутунот.

Реакцијата од Светската здравствена организација доаѓа како одговор на одлуката на американската Агенција за храна која на почетокот на овој месец донесе одлука со која се дозволува рекламирање на овие производи на пазарот во САД. Но при по донесувањето на оваа одлука тие изјавија дека таа не значи дека овие производи се помалку штетни за здравјето од стандардните цигари.

Промовирани огласи »

Ќе го искористи ли нашата земја периодот на кризата од корона вирусот за да го поправи впечатокот врз странските туристи е прашање што заслужува внимание ако се земат предвид нивните оцени за Македонија од изминатата година. Имено, според анкетата на Државниот завод за статистика странските посетители на граничните премини лани најниско ги оцениле патната мрежа и хигиената.

Според тоа, во овој период на застој на странските туристи поради кризата би требало да се работи на подобрување на овие и на другите сегменти кои се оценуваат за во иднина да го подобриме впечатокот за нашата земја.

Промовирани огласи »

Граѓаните се жалат на фејсбук и до медиумите, ама никој до сега не пуштил реакција до Управата за јавни приходи, а откако беше сменета пресметката за повратот на ДДВ. Со измените некои граѓани изгубија по неколку стотици денари од претходното тримесечје односно за месеците април мај и јуни, затоа што промената важи до 12 јуни. Од Управата за Фактор велат дека нема реакции и нема тужби иако беа најавени. Велат дека Уредбата со промената ја донела Владата и согласно таа уредба новата пресметка важи и за јуни односно од 12 јуни. Не се планира надоместување на парите.

Согласно промените и Уредбата враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра се врши во висина од 20 проценти, а за останатите добра и услуги се врши во висина од 10 проценти од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечната фискална сметка .

Од УЈП велат дека со оваа уредба се поттикнува потрошувачката на македонски добра и услуги, а дека Управата само ја прилагодила апликацијата МојДДВ.

„До Управата за јавни приходипо повод новата пресметка за враќање на делот од данокот на додадена вредност за македонски производи 20 проценти односно 10 проценти за останати производи не се пристигнати  реакции ниту пак тужби, велат од УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »