Промовирани огласи »

31 јули, петок, Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

По повод денот на Републиката 2 август, недела, во понеделник на 3 август е неработен ден за сите граѓани на територијата на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Во повеќето европски земји има повеќе жени од мажи, а според американската ЦИА, една баклканска земја има најлош однос меѓу мажите и жените. Иако многумина не можат да поверуваат дека тоа е така, сепак истражувањето е валидно и документирано.

Хрватска е земјата од најблиските до нас која има најмалку мажи во однос на жените, ама жени има за „извоз“.

Односот на мажите кон жените се пресметува со споредување на вкупното население во една земја. Ако има повеќе мажи од жени, тој број е поголем од еден, ако има повеќе жени од мажи, тој е помалку од еден. Според ЦИА и едукативниот блог Јакуб Маријан кој направи карта на европските земји, покажува дека недостигот на мажи е најизразен во земјите од Источна Европа и Балтикот.

Латвија има најмал процент на мажи во цела Европа, со сооднос 0,85. Следат Литванија, Русија и Украина со нешто повисоки 0,86, а потоа следат Белорусија со 0,87 и Естонија со коефициент 0,88. После нив, најмалку мажи има во Унгарија, со сооднос од 0,91.

Хрватска има сооднос од 0,93, како и Италија. Интересно е што Хрватите, Македонците и Италијанците се исто така на врвот на списокот на европски мажи кои не сакаат да го напуштат домот на своите родители, така што повеќе од 70% од нив уживаат во кујната на својата мајка и други придобивки од семејното гнездо до 35-годишна возраст. Словенија и повеќето балкански земји - Босна и Херцеговина, Србија, Романија, Бугарија и Грција - имаат сооднос машко-женско од 0,95.

Е тука доаѓаме до Македонија. Заедно со Црна Гора имаме скоро идеални 0,99 што значи дека населението ни е половина машко, а половина женско.

Ова погоре укажува дека ако маќите немаат се уште најдено сродна женска душа, време е да одат во Хрватска, а жените во Косово.

Европската земја со најмногу мажи без конкуренција е Косово, чиј сооднос е дури 1,06. Со просечна возраст од 29 години, Косово е исто така земја со најмлада популација во Европа, што може да биде причина за овој однос машко-женски.

Повеќе машки од женски бебиња се раѓаат ширум светот (овој однос варира од 1,05 до 1,07 во европските земји), но мажите во сите земји во светот умираат порано, најмногу затоа што прават поопасни и физички исцрпувачки работи од жените и се грижат помалку за здравиот начин на живот.

 

Извор: 100posto

Промовирани огласи »

Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис,организирана од ПСМ Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно 5 грантови по 4.000 евра.

Акцелераторската програма, која траеше од април до јуни 2020 година, имаше за цел за овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години, кои имаат идеја за почнување на сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја, а истата се содржеше од 5 фази:

·  Предакцелераторска програма – организирани беа 2 вебинари на теми „Генерирање бизнис идеи“ и „Решавање проблеми и бизнис канвас“

·  Подготовка на бизнис канвас – учесниците изработуваа бизнис канваси за своите идеи

·  Селекција на најдобрите бизнис идеи – 50 учесници изработија бизнис канваси и аплицираа во следната фаза, каде најдобрите 10 бизнис канваси беа избрани да преминат во следната фаза на изработка на бизнис план

·  Акцелераторска програма за изработка на бизнис план – одржани еден вебинар на тема „Изработка на бизнис план“ и одржани менторски сесии за 10 учесници за изработка на успешен бизнис план

·  Бизнис план натпревар и доделување на грантови – наградени 5 најдобри бизнис идеи со по 4000 евра поддршка за почнување на бизнисот.

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија поддршка за почнување на сопствените бизниси се:

·  Беровко Дооел, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини

·  Анти стрес соба, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби

·  19 Мотор М, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор

·  Камера Обскура, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции

·  Маткасе Дооел, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).

Активностите се спроведуваат како дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Промовирани огласи »

Намалената изложеност на тутун во дел од производите кои се пласираат на пазарот не ги прави безопасни или пак помалку штетни за здравјето на граѓаните. Ова во соопштение до медиумите го истакна Светската здравствена организација директно посочувајќи го простот на iqos уредите кои на пазарот се промовираат како поздрава замена за цигарите кои имаат помалку штетно влијание на здравјето.

СЗО во соопштението ја искористи можност да ги потсети земјите кои се членки на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на СЗО за нивните обврски согласно конвенцијата. Загреаните производи од тутун се производи од тутун, што значи дека оваа рамковна конвенција целосно се применува и на овие производи,  велат од Светската здравствена организација.

Во соопштението објавено од СЗО се вели дека кај уредите кои се замена за стандардните цигари има помало присуство на одредени аеросоли во споредба со стандардните цигари, но истражувања покажуваат дека во друга група на аеросоли состојбата е спротивна. Сите производи од тутун преставуваат ризик за здравјето и во таа насока Светската здравствена организација побара целосно спроведување на рамковната спогодба за контрола на тутунот.

Реакцијата од Светската здравствена организација доаѓа како одговор на одлуката на американската Агенција за храна која на почетокот на овој месец донесе одлука со која се дозволува рекламирање на овие производи на пазарот во САД. Но при по донесувањето на оваа одлука тие изјавија дека таа не значи дека овие производи се помалку штетни за здравјето од стандардните цигари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »