Промовирани огласи »

Поради „златната треска“ која го зафати светот, можно е цената на златото ќе стигне до 3.000 долари. 

Оваа година златото бележи раст. 

Банката на Америка очекува цената на златото да се искачи на 3.000 долари за унца до 2021 година.

Цената на унца злато за еден ден порасна за 1 отсто и скокна на 2.058 долари за унца со што го сруши претходниот рекорд од 2.030 американски долари поставен пред неколку денови.

Цената расте поради коронакризата и влошените односи меѓу Кина и САД.

Промовирани огласи »

Американскиот Стејт департмент синоќа го укина четвртиот степен на препорака за патување во странство за најголем број земји, кое е највисоко предупредување до американските државјани да се воздржат од секакви патувања надвор од САД.

Исто како и голем дел од земјите во светот,  Македонија е ставена во третиот степен пропорака, кој што советува „размислете дали да патувате“.

Како што е наведено на веб-сајтот за конзуларни работи на американскиот Стејт депаратмент, нашата земја ги укинала наредбите да се остане дома и делумно го обновила транспортот и бизнис активностите.

Од надворешно-политичкиот орган на САД советуваат да се следат предупредувањата на државните Центри за контрола на заболувањата и профилактика (ЦДЦ), кои, сепак, имаат издадено „трет здравствен степен за патување“ или највисоко предупредување за воздржаност да се патува во Македонија, освен за итни случаи.

Од ЦДЦ наведуваат дека ризикот од Ковид-19 во земјата се уште е голем.

Засега, само две земји, Тајван и Макао, се наоѓаат во првиот степен со препорака „да се патува со вообичаена претпазливост“.

Промовирани огласи »

И покрај големиот број новозаразени во соседна Србија, властите се подготвуваат интензивно за почетокот на учебната година, истовремено нагласувајќи дека учениците не смеат да останат дома и во првото полугодие од 2020/2021.

Премиерката Ана Брнабиќ, најави дека одлуката за поаѓање на децата во школо ќе биде соопштена во понеделник, најдоцна во вторник, бидејќи во текот на овој викенд, членовите на Кризниот штаб ги усогласуваат деталите како ќе се одвива образовниот процес.

-По состаноците што ќе ги одржиме денеска и утре, ќе излеземе со јасни препораки веќе од понеделник. Ќе ги разгледаме убаво протоколите на Министерството за просвета кои се однесуваат на мерките за превенција од корона вирусот, како ќе бидат организирани часовите и колку би траеле, изјави Бтнабиќ.

Таа истовремено нагласи дека веќе се снимаат и часови за евентуална онлајн настава, за да, како што рече, школството биде подготвено за сите опции.

Промовирани огласи »

На фирмите кои ја затаија државната помош дадена како поддршка поради корона – кризата Владата им дава шанса до денеска да им ги исплатат парите на своите вработени.

Тоа досега го направиле 160 работодавачи од вкупно 570 колку што броеше првичниот список на неплаќачи. Ним државата ќе им прогледа низ прсти.

Од Генералниот секретаријат на Владата велат дека во понеделник ќе ја достават листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на Управата за јавни приходи до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кои им била исплатена финансиска помош.

„360 степени“ ја праша Владата зошто иако се завршени сите рокови за исплата и беше најавувано дека од фирмите ќе се бара одговорност, на газдите сега им се остава простор да ја исправат грешката.

„Владата стои позади политиката опомена па казна. Нашата цел е сите граѓани да ја добијат помошта од државата што им следува. Ако сепак некои фирми и покрај јавниот притисок и опомените не извршат уплата и со последниот зададен рок, ќе одговараат пред законот“, одговорија од Владата.

Последниот ажуриран список од УЈП брои 413 фирми кои заклучно со 4 август не ги исплатиле платите на вработените.

„Листата на фирми кои не исплатиле плата на своите вработени секојдневно се ажурира и истата се доставува до Генералниот секретаријат на Владата. Заклучно со плаќањата до 04.08.2020 година, за април не исплатиле плати 172 фирми, а за мај 241 фирма на кои им била исплатена финансиска помош, а не исплатиле плата на вработените“, наведуваат од УЈП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »