Промовирани огласи »

Заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно сите кои ја користат услугата Е-сметка на А1 Македонија автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.

Следното извлекување е закажано за 4 септември, а право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страница на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Купување преку интернет, плаќање на сметките, но и целиот процес на дигитализација стана составен дел од нашето секојдневие. Промена на нашите навики, но и отворање на нови можности е поттик А1 Македонија да им помогне на своите корисници кон дигиталната трансформација. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, иновативни канали за комуникација и достапност на услугите, А1 Македонија нуди бенефити за своите корисници и го подобрува нивното корисничко искуство.

Користење на услугата Е-сметка носи бенефити за корисниците, па покрај заштеда на време и плаќање на сметката од удобноста на домот, истата придонесува кон заштита на животната средина, односно го елиминира нивото на отпад од хартија. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница, соопшти компанијата.

Промовирани огласи »

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, која има голем број бази на Балканот, очекува ограничувањата за патувања и забраните за влез во голем број држави да влијаат на нејзината работа во наредните пет месеци.

Како што пренесува порталот „exyuaviation.com“, поради ограничувањата за патување наметнати на балканските државјани од други европски држави, „Визер ќе биде принуден привремено да суспендира летови до неколку дестинации од Скопје, Белград, Тузла, Охрид, Приштина и Подгорица.

„Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот“, вели извршниот директор на „Визер“, Јозеф Варади.

Тој истакнува дека неговата авиокомпанија веќе почнала со стратегија за ублажување на ефектите од пандемијата. Варади ги наведува проширувањето на флотата „Ербас А321“ во Белград, воспоставувањето на прва руска база во Санкт Петербург заедно со рестартирање на базата во Киев, лансирањето на 14 нови рути меѓу Украина и Италија, продолжувањето на летовите од пазарите како што се Унгарија и Македонија, како и потфатот кон Блискиот Исток.

Во наредниот период, „Визер“ планира да лансира девет нови рути од Белград, да ја воведе својата прва услуга за Хрватска и да почне со нови летови за Црна Гора.

„Имаме кастрење на капацитетите на постојните пазари, но истовремено создадовме и нова мрежа на рути и оперативни бази, така што отвораме шест или седум нови бази исто како што рековме“, вели Варади.

Авиокомпанијата сега лета со 77 отсто во однос на нивото во 2019 година. Превозникот истакна дека дури и со коона вирусот, се очекува да го зголеми својот капацитет за приближно девет проценти оваа година.

„Најлошата состојба за нас е кога не работиме. Во моментот кога работиме, работиме само врз основа на паричен придонес. Треба да ги водите вашите деловни активности на долг рок и ликвидноста и готовината се клучни компоненти на вашиот деловен модел. Сите знаеме дека кај летањето на кратки дестинации преовладува најниска цена, а сега ние сме со најниска цена, така што мислам дека нашата конкурентна позиција штотуку се подобри“, вели Варди коментирајќи ја стратегијата на „Визер“, која многу се разликува од нејзините конкуренти за време на актуелната криза.

Варди додава дека пред десет години кога последната економска криза го погоди светот, едноставно не биле доволно силни и не биле доволно големи за да ја искористат ситуацијата. Сега вели дека имаат финансиски капацитет да обезбедат корист и да бидат еден од победниците во оваа ситуација.

Промовирани огласи »

Веќе е изготвен нов предлог план за тоа како ќе се одвива учебната 2020-2021 година. Планот за почетокот на учебната година од сепптември ќе се знае во следните денови, најави министерот за образование Арбер Адеми.

 Адеми посочи дека протоколите се веќе разгледани и одобрени, а позитивен став за враќање на децата во училиште имаат сите релевантни институции.

 Со тоа се поизвесно враќањето на учениците во школските клупи.

Истражувањето спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување покажува дека речиси половина од 10 илјади анкетирани родителите, директорите и наставниците, се за враќање на децата во училиште.

На неопходноста од отворањето на училиштата посочи и претставничката на УНИЦЕФ, која предупреди на сериозните негативни последици доколку децата останат надвор од училиштата. 

Наведе дека наставниците не успевале да стапат во контакт со учениците, но и работните обврски ги спречувале родителите да поддржат своите деца за време на учењето на далечина. 

Народниот правобранител пак потенцираше дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се повлече избрзаното покачување на цената на електричната енергија, а доколку тоа не биуде направено, тогаш, како што велат, неопходно е да се зголемат сите плати и пензиите во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто.

Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата не се согласуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните – велат од ССМ.

Синдикатот  бара регулаторите да ја преиспитаат одлуката за зголемување на цената на струјата бидејќи тоа ќе се одрази врз животниот стандард на работниците.

Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со Одлуката на  Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 отсто, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза – велат од ССМ.

Од синдикатите велат дека не сакаат граѓаните, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да бидат на мета на извршување од извршителите, што е уште една причина за преиспитување на зголемувањето на цената на струјата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »