Промовирани огласи »

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, која има голем број бази на Балканот, очекува ограничувањата за патувања и забраните за влез во голем број држави да влијаат на нејзината работа во наредните пет месеци.

Како што пренесува порталот „exyuaviation.com“, поради ограничувањата за патување наметнати на балканските државјани од други европски држави, „Визер ќе биде принуден привремено да суспендира летови до неколку дестинации од Скопје, Белград, Тузла, Охрид, Приштина и Подгорица.

„Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот“, вели извршниот директор на „Визер“, Јозеф Варади.

Тој истакнува дека неговата авиокомпанија веќе почнала со стратегија за ублажување на ефектите од пандемијата. Варади ги наведува проширувањето на флотата „Ербас А321“ во Белград, воспоставувањето на прва руска база во Санкт Петербург заедно со рестартирање на базата во Киев, лансирањето на 14 нови рути меѓу Украина и Италија, продолжувањето на летовите од пазарите како што се Унгарија и Македонија, како и потфатот кон Блискиот Исток.

Во наредниот период, „Визер“ планира да лансира девет нови рути од Белград, да ја воведе својата прва услуга за Хрватска и да почне со нови летови за Црна Гора.

„Имаме кастрење на капацитетите на постојните пазари, но истовремено создадовме и нова мрежа на рути и оперативни бази, така што отвораме шест или седум нови бази исто како што рековме“, вели Варади.

Авиокомпанијата сега лета со 77 отсто во однос на нивото во 2019 година. Превозникот истакна дека дури и со коона вирусот, се очекува да го зголеми својот капацитет за приближно девет проценти оваа година.

„Најлошата состојба за нас е кога не работиме. Во моментот кога работиме, работиме само врз основа на паричен придонес. Треба да ги водите вашите деловни активности на долг рок и ликвидноста и готовината се клучни компоненти на вашиот деловен модел. Сите знаеме дека кај летањето на кратки дестинации преовладува најниска цена, а сега ние сме со најниска цена, така што мислам дека нашата конкурентна позиција штотуку се подобри“, вели Варди коментирајќи ја стратегијата на „Визер“, која многу се разликува од нејзините конкуренти за време на актуелната криза.

Варди додава дека пред десет години кога последната економска криза го погоди светот, едноставно не биле доволно силни и не биле доволно големи за да ја искористат ситуацијата. Сега вели дека имаат финансиски капацитет да обезбедат корист и да бидат еден од победниците во оваа ситуација.

Промовирани огласи »

Веќе е изготвен нов предлог план за тоа како ќе се одвива учебната 2020-2021 година. Планот за почетокот на учебната година од сепптември ќе се знае во следните денови, најави министерот за образование Арбер Адеми.

 Адеми посочи дека протоколите се веќе разгледани и одобрени, а позитивен став за враќање на децата во училиште имаат сите релевантни институции.

 Со тоа се поизвесно враќањето на учениците во школските клупи.

Истражувањето спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на Реактор-истражување покажува дека речиси половина од 10 илјади анкетирани родителите, директорите и наставниците, се за враќање на децата во училиште.

На неопходноста од отворањето на училиштата посочи и претставничката на УНИЦЕФ, која предупреди на сериозните негативни последици доколку децата останат надвор од училиштата. 

Наведе дека наставниците не успевале да стапат во контакт со учениците, но и работните обврски ги спречувале родителите да поддржат своите деца за време на учењето на далечина. 

Народниот правобранител пак потенцираше дека најпогодени биле учениците во руралните средини, од социјално загрозените семејства, како и учениците со попреченост.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се повлече избрзаното покачување на цената на електричната енергија, а доколку тоа не биуде направено, тогаш, како што велат, неопходно е да се зголемат сите плати и пензиите во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 отсто.

Во услови на здравствена криза, која имаше и сѐ уште има големо влијание и врз економијата и врз сигурноста на работните места, како и во услови кога годинава Минималната плата е зголемена за само 2,99 отсто, просечната плата од јануари до мај 2020 година е намалена за 4,18 проценти, а трошоците на граѓаните се зголемени заради кризата не се согласуваме да има зголемување на цената на електричната енергија, а особено не поради тоа што истата ќе падне на грбот на работниците, пензионерите, невработените, односно граѓаните – велат од ССМ.

Синдикатот  бара регулаторите да ја преиспитаат одлуката за зголемување на цената на струјата бидејќи тоа ќе се одрази врз животниот стандард на работниците.

Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со Одлуката на  Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 отсто, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза – велат од ССМ.

Од синдикатите велат дека не сакаат граѓаните, кои ќе бидат оневозможени да ги подмират зголемените сметки на електрична енергија, да бидат на мета на извршување од извршителите, што е уште една причина за преиспитување на зголемувањето на цената на струјата.

Промовирани огласи »

Мој ДДВ веќе брои над 315.000 корисници. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска, објавувајќи фотографија како скенира фискална сметка во локал во некое од планинските подрачја на земјава, повторно апелира - барајте ги вашите фискални сметки.

„Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги - не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечни награди туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, против затајувачите!

Барајте ги и скенирајте ги вашите сметки затоа што:

Со неиздавање на сметка вашите 5 или 18 отсто продавачот ги зема за себе, наместо да бидат употребени за доброто на сите!

И трговецот кој не го уплаќа вашиот ДДВ во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем.

Со неиздавање на сметка продавчот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот!“, пишува Ангеловска.

Додава дека со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во МојДДВ и #МојаНаграда

Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди x 1000 ден. и секој месец 15 награди x 20.000 ден.

Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

„Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал“, пишува Англовска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »