Промовирани огласи »

АД МЕПСО по реагциите на јавноста за одлуката за поскапување на струјата излезе со соопштение во кое вели дека претпријатието побарало зголемување на цената заради тоа што се планира инвестициски циклус од, како што велат од таму, 100 милиони евра.

Од таму велат дека во РСМ не постои произведител на потребната опрема за трафостаници и далекуводи, и поради тоа целата опрема се набавува од странски производители. поради што, според нив, „голото“ споредување на цената на мегаватчас електрична енергија со просечна плата во нашата земја е некоректно. 

По новото утврдување на тарифите на енергетските компании од кои произлегува цената на електричната енергија, АД МЕПСО меѓудругото се огласи со следното соопштение:

„АД МЕПСО е оператор на националниот електроенергетски систем чија дејност е непрекинато и доверливо снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија. Тарифата за пренос на електрична енергија, како и секаде во земјите на ЕУ и земјите од нашето соседство, на годишно ниво ја утврдува надлежното регулаторно тело согласно усвоена методологија, а врз основа на барање на енергетските компаниии. Методологијата го дефинира барањето со форма и содржина и, во снова, се презентираат и образложуваат трошоците за одржување, реконструкција и надградба на  електроенергетската мрежа.

Со цел доверливо и непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија за сите потрошувачи АД МЕПСО секоја година подготвува инвестициона и програма за одржување, каде што најдомаќински се планираат потребните инвестиции. 

АД МЕПСО е во голем инвестициски циклус од околу 100 милиони евра, составен од проекти за реконструкција на постоечката инфраструктура и изградба на нови електроенергетски објекти“, информираат од таму.

Стручните служби на операторот врз основа на анализите од дефектите, оценка на состојбата на витални делови од постројките, како и недостапноста на резервни делови за опремата стара и 40 години, ја утврдуваат потребата и итноста за  инвестирање во реконструкција на постоечката инфраструктура, постројки и далекуводи, додаваат од друштвото.

„Последните резултати се видливи во постројките во ТЕЦ Осломеј и во Валандово, а во наредните месеци ќе бидат завршени работите и во Дуброво и Прилеп и во четирите најголеми ХЕЦ (во делот на преносната мрежа). Во тек се и реконструкции во постројки во Битола и Скопје, со рок за изведба 12 месеци. Завршен е и 110 kV далекувод Штип – Пробиштип, со приклучок за зоната Неокази. Во тек се подготовки за реконструкција на 4 далекуводи 110 kV, постари од 50 години.

Актуелните приходи од преносната тарифа овозможуваат финансирање на проектите за реконструкција, кои обезбедуваат доверливост на преносната мрежа, но, едновремено, со примената на современа опрема и решенија значително се намалуваат трошоците на АД МЕПСО за одржување за наредниот период. 

Со цел заокружување на  поврзувањето со сите соседни преносни систем оператори, започнат е проектот за поврзување со соседна Република Албанија, со 400kV далекувод од Битола преку Охрид до Елбасан. Кај Охрид ќе се изгради нова 400/110 kV трафостаница со која ќе се обезбеди доверливо снабдување со електрична енергија во југозападниот дел за идните триесет години.Ова е најголемиот актуелен проект со вредност 40 милиони евра“, се дополнува во известувањето.

АД МЕПСО тврди дека голем дел од јавноста е подготвена да плати високи сметки за мобилна телефонија и интернет, а се дразни на поскапување на струјата со која функционираат сите апарати во едно домаќинство.

„За жал, во одредени сегменти на нашето општество сеуште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи,  често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан“, велат од АД МЕПСО.

Тарифата на АД МЕПСО 6 (шест) години во континутитет е намалувана, со што е доведена во прашање ликвидноста на компанијата и нејзиното  функционирање. Тарифата е најголемиот извор од каде се покриваат сите инвестиции за преносниот систем нормално да функционира. АД МЕПСО нема можност да се откаже од своето учество во цената на струјата, затоа што нé чека економски развој на државата кој без стабилен преносен систем е невозможен, истакнува операторот.

„Во исто време напоменуваме дека АД МЕПСО е општествено-одговорна компанија која во контиунитет осум години наназад издвојува значајни средства (до 2 отсто од своите приходи) за проекти од јавен интерес од областите на: здравството, образованието, културата и спортот. Воедно во истиот период дава стипендии на студенти од електроенергетските насоки на државните факултети во Скопје и во Битола, во соработка со ЕВН и АД ЕСМ, вложувајќи на тој начин уште повеќе во иднината на електроенергетскиот систем“, се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

Дигитализацијата на услугите е една од примарните процеси во Нептун Македонија, компанијата која континуирано на иновативен начин им го олеснува на потрошувачите купувањето на апарати за домаќинство. Нептун Македонија, во партнерство со ИутеКредит Македонија, лансираа ново иновативно решение за онлајн шопинг со кое потрошувачите ќе може на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн на рати преку веб страната www.neptun.mk. Освен оваа новост изминатиов период Нептун Македонија промовираше неколку иновативни дигитални алатки: мобилна апликација за онлајн шопинг и дигитализација на happy лојалната програма и happy картичката.

Покрај опцијата потрошувачите да може да купуваат онлајн со кредитни или дебитни картички, отсега ќе имаат можност по изборот на саканите производи многу едноставно и брзо да аплицираат за купување на производ од Нептун преку исплаќање со наменскиот кредит од ИутеКредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати со суми од 3.000 до 120.000 денари. Целиот процес е дигитализиран и потрошувачите нема да имаат потреба да достават физички документи со што се олеснува целиот купопродажен процес.

Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во Нептун:

  1. Го избирате вашиот омилен производ на www.neptun.mk
  2. Избирате опција за плаќање на рати преку ИутеКредит
  3. Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Нептун ви ја доставува нарачката во предвидениот рок

 

Овој начин на кредитирање при онлајн купување на производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на Е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.

Нептун Македонија најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести и министерството за образование денеска ќе прецизираат како ќе изгледа новата учебна година и во какви услови ќе има настава. Според информации на Сител епидемиолозите се со став децата да се вратат во клупите, но во секое училиште да биде различно. Лекари кои се членови на  комисијата се категорични, онаму каде има помал број на ученици да има редовна настава, а во класовите со повеќе деца да има сменско работење со скратени часови или комбинирана настава, прво една група да оди на училиште, а другите да учат онлајн и обратно. Последниот збор треба да го каже министерството за образование од каде рекоа дека ќе се изјаснат до 10 август. Во меѓувреме родителите кои ги анкетираше Сител се со поделени мислења, но сите се во очекување на конечната одлука.

– Имам внука трето одделение и едвај чека да се врати во училиште, вели скопјанец. Наставничка по математика пак смета дека децата и наставниците треба да се вратат на училиште. Основец изјави дека подобро му е да учи од дома, додека татко на прваче вели дека за безбедноста на децата подобро е да има онлајн настава.

Додека се чека одлуката на образование, се поизвесно е дека доколу се вратат на училиште децата ќе седат сами во клупа, а маските ќе бидат составен дел од наставата. Според епидемиологот Александар Стојанов статистички децата до 10 годишна возраст помалку заболуваат, но се преносители на вирусот и затоа треба да бидат заштитени.

Статистички многу малку околу 2-3 проценти од децата на таа возраст заболуваат, а повеќе пренесуваат и ризикот е вирусот да го донесат дома на нивните родители или други членови на семејството и затоа не е на одмет да носат маски, но колку може ад издржат со маските на лицето, затоа можеби ќе се скратат часовите или пак ќе се обезбедат поголеми количини на маски, изјави за Сител епидемиологот прим. д-р Александар Стојанов, директор на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Покрај за отворање на училиштата, се чека зелено светло и за отпочнување со  работа и на градинките. За нив во вторник ќе се прецизирааат деталите на состанокот на Комисијата за заразни болести. Иако протоколи за воспитно образовните установи  има уште од крајот на мај, а пред 10 дена согласност дадоа и лекарите од Комисијата најверојатно и градинките ќе старуваат заедно со училиштата од септември.

Промовирани огласи »

Заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно сите кои ја користат услугата Е-сметка на А1 Македонија автоматски стануваат учесници во извлекувањата за електричен велосипед. Во три месечни циклуси на извлекување ќе биде доделен 21 електричен велосипед, односно седум во секое извлекување по случаен избор.

Следното извлекување е закажано за 4 септември, а право за учество во извлекувањето имаат сите А1 резидентни корисници (физички лица) со активна електронска сметка до денот на доделување на подароците, како и сите А1 бизнис корисници (правни лица) со дадена согласност за електронска сметка. Дополнително, сите корисници на А1 Македонија кои ги исполнуваат условите и кои извршиле и онлајн плаќање на електронската сметка преку официјалната веб страница на А1 Македонија или преку апликацијата Мојот А1, учествуваат уште по еднаш во листата за извлекување, односно имаат двојно поголема шанса за добивање на подарок.

Купување преку интернет, плаќање на сметките, но и целиот процес на дигитализација стана составен дел од нашето секојдневие. Промена на нашите навики, но и отворање на нови можности е поттик А1 Македонија да им помогне на своите корисници кон дигиталната трансформација. Нудејќи услуги преку повеќе дигитални канали, иновативни канали за комуникација и достапност на услугите, А1 Македонија нуди бенефити за своите корисници и го подобрува нивното корисничко искуство.

Користење на услугата Е-сметка носи бенефити за корисниците, па покрај заштеда на време и плаќање на сметката од удобноста на домот, истата придонесува кон заштита на животната средина, односно го елиминира нивото на отпад од хартија. Услугата Е-сметка на корисниците им овозможува месечните сметки да ги добиваат електронски, на е-мејл адреса, брзо безбедно и секогаш на време, наместо во хартиена форма, а сметката да ја платат преку апликацијата Мојот А1 или преку официјалната веб страница, соопшти компанијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »