Промовирани огласи »

Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат. За отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа.

Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца, од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место.

Се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.

Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.

Промовирани огласи »

Членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука (МОН) денеска треба да го продолжат состанокот за протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели. Иако беше најавувано дека на 10 август ќе бидат финализирани протоколите за почеток на учебната 2020/2021 во услови на пандемија, состанокот вчера заврши без заклучоци и со известување дека ќе продолжи денеска.

Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата и дека финалната одлука за начинот на одвивање на наставата ќе ја има МОН.

-Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука. Разговорите меѓу Комисијата за заразни болести и МОН продолжуваaт утре, соопшти Министерството за здравство.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска за МИА вчера изјави дека се разговарало за предлозите за времетраењето на наставните часови и за потребата од измени на законите доколку тие бидат скратени од регуларните 40 во основно односно 45 минути во средно образование.

Одлуката за скратени часови, како што рече, треба да има и правна рамка и да биде усогласена со законите за основно и за средно образование. Измените треба да ги донесе Собранието кое до 1 септември се очекува да биде функционално.  Исто така, се разгледува и потребата што би ја имале општините од дополнителна финансиска или друга поддршка за хигиена на училишните објекти, за превоз на ученици односно за спроведување на сите инструкции што ќе ги содржат протоколите. Тие ќе имаат детали за три вида настава во зависност од епидемилошката состојба во одредена средина – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Наумовска посочи дека постојано се во разговори со градоначалници и со директори на училишта за реалните состојби и проблеми, во координација се и со ЗЕЛС, ги добиле и мислењата на синдикатот за образование СОНК. Рече дека ако успеат да ги завршат консултациите, оваа точка може да биде на дневен ред и на денешната седница на Владата.

Промовирани огласи »

Со Декретот на италијанскиот премиер Џузепе Конте, забраната за влез во Италија за лица кои доаѓаат од Северна Македонија, или лица кои во транзит поминале низ Северна Македонија во претходните 14 дена, е продолжена до 7 септември 2020 година, објави Амбасадата на Италија во Скопје.

Со Декретот на италијанскиот премиер Џузепе Конте, забраната за влез во Италија за лица кои доаѓаат од Северна Македонија, или лица кои во транзит поминале низ Северна Македонија во претходните 14 дена, е продолжена до 7 септември 2020 година, објави Амбасадата на Италија во Скопје.

„Исклучок од забраната и со дозвола за влез во Италија се само оние лица кои имаат државјанство од една од земјите од ЕУ или од Шенген зоната и да имаат дозвола за престој во Италија издадена пред 9 јули 2020 година“, гласи соопштението на амбасадата.

Ваква одлука донела Владата на Италија на 7 август како дел од мерките за ограничување на движењето поради ширење на вирусот „Ковид-19“.

„Исклучок од забраната и со дозвола за влез во Италија се само оние лица кои имаат државјанство од една од земјите од ЕУ или од Шенген зоната и да имаат дозвола за престој во Италија издадена пред 9 јули 2020 година“, гласи соопштението на амбасадата.

Ваква одлука донела Владата на Италија на 7 август како дел од мерките за ограничување на движењето поради ширење на вирусот „Ковид-19“.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти, а се зголемува само малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуроспуер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 62.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 52.50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 ден/кг и од полноќ ќе изнесува  26,121 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »