Промовирани огласи »

Граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од грчките служби добила дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција, преку граничниот премин „Евзони“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почнувајќи од понеделник (17 август) па до крајот на овој месец, на граничниот премин „Евзони“, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Промовирани огласи »

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи проценка“, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

Iqos уредите не се помалку штетни од други цигари и преминот од обични цигари не ја намалува можноста од заболувања предизвикани од пушењето, дополнително ниту една земја до сега не констатирала дека овие уреди помалку штетно влијаат на здравјето, а освен тоа дел од земјите ги имаат забрането уредите на пазарот во своите земји. Ова во денешната статија го пренесува угледниот британски весник Гардијан, а врз основа на тврдењата на невладината организација СТОП, но и на одлуката на Американската агенцијата за храна и лекови која дозволи рекламирање на производите на пазарот во САД и соопштението на Светската здравствена организација која потенцираше дека и покрај се, овие уреди имаат штетно влијание врз здравјето. 

Статијата носи наслов „Конфузија околу модифицираниот ризик на Iqos уредите“ и во неа меѓу другото се потсетува на минатонеделното соопштение на Светската здравствена организација во кое тие потсетија дека не е потврден фактот дека овие уреди се помалку штетни и дека го намалуваат штетното влијание на тутунот врз здравјето. Воедно, во соопштението Светската здравствена организација потсети и дека одредени штетни аеросоли и токсини се повеќе застапени кај Iqos уредите во споредба со стандардните цигари. 

И покрај фактот дека американските власти дозволија рекламирање на овие производи, сепак Светската здравствена организација во своето соопштение уште еднаш потсети дека сите тобако производи имаат ризик врз здравјето и ги повика сите земји да преземат мерки за намалување на пушењето кај популацијата. 

Промовирани огласи »

Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат. За отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа.

Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима – дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца, од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место.

Се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место.

Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »