Промовирани огласи »

Кога ќе добиета плата, направете список на сè што треба да платите, од комунални услуги и заеми до осигурување. Организирајте ги остатокот од парите, така што ќе завршите со одредена сума што ја ставате настрана.

1. Платете ги долговите што е можно поскоро

Фактот дека имате многу да платите создава чувство на стрес, а тоа може да има лош ефект врз деловната продуктивност, што е клучно за заработка. На крајот на краиштата, тешко е да заштедите ако должите нешто цело време. Најпрво исплатете ги најмалите долгови и преминете кон поголемите. Математички можеби не е најпаметно, но психолошки е најлесно.

2. Поставување детални цели

Поставете детални цели за тоа како сакате да ги искористите парите во месецот, а за што ќе ја искористите заштедата. Така ќе ви биде полесно да знаете со колку пари ќе располагате во еден месец и колку може да се опуштите.

3. Платете ги сметките веднаш штом земете платите

Доколку сметките ги платите веднаш штом земете плата, нема да должите на ниту една компанија и нема да стравувате дека ќе бидете исклучени. Од друга страна ќе добиете слика колку пари ви остануваат и нема да паѓате во искушение парите тргнати настрана за сметки да ги потрошите на нешто друго, а потоа да ви ја исклучат струјата или телефонот.

4. Купувајте паметн

Импулсивните набавки од прва рака создаваат добри чувства. Сепак, после тоа доаѓа чувство на разочарување затоа што парите биле потрошени за нешто што навистина не ви треба и само зазема простор, а вие сте останале без пари за нехопходните набавки.

5. Поставете приоритети

Ако вашиот стар телефон работи добро, нема потреба да купите нов. Размислете за тоа што можете да купите или колку можете да заштедите за некои работи што планирате да ги потрошите и во суштина не се приоритет.

6. Не обрнувајте премногу внимание на рекламите

Рекламите се толку добро направени за да ве измамат да го купите производот и тоа е во ред доколку имате потреба и неопходност од истиот. Но да купите производ затоа што ви била примамлива цената или нуделе добра понуда на рати, а вие веќе имате таков производ кој се уште ве служи, е погрешно за вашиот буџет.

7. Работи кои заштедуваат енергија и пари

Обрнете внимание дали користите штедливи светилки или дали вашите кујнски апарати поради некоја причина трошат повеќе електрична енергија заради која имате поголеми сметки. Доколку имате таков проблем можеби е подобро веднаш да го поправите дефектот или да купите нов апарат кој ќе троши помалку енергија, што ќе ви заштеди пари од сметката и во брз рок ќе ви се исплати на буџетот.

8. Обрнете внимание на деталите

Нема ништо лошо во тоа ако изберете поевтини производи, но обрнете внимание на квалитетот на нештата заради подолг рок на траење. Добрите парчиња облека се поскапи, но нема да морате да ги менувате секоја сезона.

9. Користете мобилни апликации за да ги следите трошоците

Тешко ќе заштедите ако не ги пратите вашите трошоци. Не мора да собирате сметки и да запишете сè, можете да имате сè на вашиот телефон.

Промовирани огласи »

Граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од грчките служби добила дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција, преку граничниот премин „Евзони“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почнувајќи од понеделник (17 август) па до крајот на овој месец, на граничниот премин „Евзони“, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа.

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

Промовирани огласи »

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи проценка“, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

Iqos уредите не се помалку штетни од други цигари и преминот од обични цигари не ја намалува можноста од заболувања предизвикани од пушењето, дополнително ниту една земја до сега не констатирала дека овие уреди помалку штетно влијаат на здравјето, а освен тоа дел од земјите ги имаат забрането уредите на пазарот во своите земји. Ова во денешната статија го пренесува угледниот британски весник Гардијан, а врз основа на тврдењата на невладината организација СТОП, но и на одлуката на Американската агенцијата за храна и лекови која дозволи рекламирање на производите на пазарот во САД и соопштението на Светската здравствена организација која потенцираше дека и покрај се, овие уреди имаат штетно влијание врз здравјето. 

Статијата носи наслов „Конфузија околу модифицираниот ризик на Iqos уредите“ и во неа меѓу другото се потсетува на минатонеделното соопштение на Светската здравствена организација во кое тие потсетија дека не е потврден фактот дека овие уреди се помалку штетни и дека го намалуваат штетното влијание на тутунот врз здравјето. Воедно, во соопштението Светската здравствена организација потсети и дека одредени штетни аеросоли и токсини се повеќе застапени кај Iqos уредите во споредба со стандардните цигари. 

И покрај фактот дека американските власти дозволија рекламирање на овие производи, сепак Светската здравствена организација во своето соопштение уште еднаш потсети дека сите тобако производи имаат ризик врз здравјето и ги повика сите земји да преземат мерки за намалување на пушењето кај популацијата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »