Промовирани огласи »

Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020! 

Ова на фејсбук го соопшти Министерката за финансии Нина Ангеловска. 

Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

Исплатата продолжува и деновиве, како што ќе се доставуваат налозите до Трезорот на Министерството за финансии, се додека не се исплатат сите средства на трансакциските сметки на граѓаните за второто тримесечје од 2020:

„Поврат: 5,44 милиони евра
Граѓани кои скенирале сметки заклучно јуни: 304.637 граѓани или
25.000 граѓани повеќе во однос на претходното тримесечје
Скенирани сметки: 41,7 милиони сметки
Направен промет: 21,4 милијарди денари“, напиша Ангеловска. 
Таа вели дека се одлични резултати на МОЈДДВ за јули‼️

Скенирани 21,5 милиони сметки или за 80 отсто повеќе во однос на просекот од сите останати месеци.

„Со МОЈДДВ граѓаните добиваат трикратна корист: Помагаат во сузбивањето на сивата економија, добиваат поврат на ДДВ и Добиваат можност за бројни парични награди преку #МојаНаграда“, напиша Ангеловска. 

  

Промовирани огласи »

Доларот ја губи својата вредност, и тој е на најниско ниво за период од две години. 

Американскиот долар паѓа во однос на најголемите светски валути веќе петти ден по ред. 

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на најголемите ривалски валути, ослабел, според најновите податоци, за 0,3 проценти, на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, објави Ројтерс.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за десет дена.

Тој потона половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари. Ова е најслабо ниво во последниве две недели.

Промовирани огласи »

Дали владината мерка за зголемување на платите во приватниот сектор има ефект? Работниците чекаат повисоки плати, работодавачите прават пресметки. Корона кризата си го зема данокот. Едно е јасно, најмногу трпат работниците. 

Надлежните велат минималната плата ја добиваат сите и законот ги дава очекуваните резултати, а дел од работниците веќе почнаа да се жалат на злоупотреби.

Државата со цел да обезбеди загарантирана исплата на минималната плата од 14.500 денари, обезбеди средства за субвенционирање на компаниите, а преку Управата за јавни приходи воведе нов систем што не овозможува исплата на плати под оваа сума.

И покрај ова, интересот на компаниите за добивање субвенции од државата е релативно мал. Објаснувањата се движат од тоа дека компаниите имаат средства за да ја исплатат платата, дека не исполнуваат услови, до тоа дека се плашат од инспекциски надзор.

Од друга страна, од МТСП посочуваат дека и покрај релативно малиот интерес на компаниите, Законот за минимална плата го дал својот ефект и оти над 88 илјади работници добиле минимална плата.

Дел од работниците се принудени на газдите да им вратат на рака дел од парите, и најчесто не се охрабруваат да говорат за тоа и да ги пријават злоупотребите. Ова особено е присутно во текстилните, кожарските и чевларските компании, каде е и најголем бројот на работници кои добиваат минимална плата.

Барањето на газдите, работниците на рака да им вратат дел од минималната плата е кривично дело, посочуваат надлежните и граѓанските организации за заштита на правата на работниците и барааат тие да ги пријават злоупотребите и да сведочат. Во спротивно велат, никој не може да им помогне.

Промовирани огласи »

Граѓаните би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките, но само ако останат актуелните каматни стапки. Сепак, засега нема ништо ново за оваа тема и останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.

Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата. Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.

-Регулаторните измени со коишто се овозможи олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, ќе се разгледа можноста нивната важност да биде продолжена – рекоа претходно од Народна банка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »