Промовирани огласи »

Граѓаните би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките, но само ако останат актуелните каматни стапки. Сепак, засега нема ништо ново за оваа тема и останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.

Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата. Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.

-Регулаторните измени со коишто се овозможи олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, ќе се разгледа можноста нивната важност да биде продолжена – рекоа претходно од Народна банка.

Промовирани огласи »

До минатиот век Бил Гејтс ја држеше титулата за најмладиот што ја заработил првата милијарда. Титулата му ја зеде Марк Закерберг кога имаше само 23 години.


Додека од една страна компаниите низ светот во текот на пандемијата поделија милион откази, ги намалија платите, а многу и се затворија, дел од најголемите светски богаташи го зголемија своето богатство за милијарди, односно десетици милијарди долари. Вредноста на Џеф Безос е речиси 200 милијарди долари, додека Марк Закерберг на 36 години тежи 100 милијарди долари.

„Бизнис инсајдер“ истражуваше колку години имале денешните најголеми богаташи кога ја пробиле границата од милијарда долари.

10. Опра Винфри - Познатата американска водителка денес тежи 2,5 милијарди долари, а до милијарда стигнала во 2003 година, кога имала 49 години. Во историјата ќе остане запаметена како првата Афроамериканка што самостојно заработила милијарда долари.

9. Мег Витман - Во клубот на милијардери се придружи нешто порано од Опра, во 1998 година кога имала 42 години. Сега нејзината вредност изнесува 5,1 милијарди долари. Витман беше извршна директорка на „Ибеј“ и „Хеулет-Пакард“, а моментално е шефица на стриминг-сервисот „Куиби“. Нејзиното богатство надминало милијарда по излегувањето на „Ибеј“ на берзата.

8. Ричард Бренсон - Во 1991 година Бренсон имал 31 година, а наредните 19 години неговото богатство се искачило на 4,6 милијарди.

7. Илон Маск - Богатството на ексцентричниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс екс“, и еден од основачите на „Пејпал“ се приближува до 70 милијарди долари, а првиот милијардерски чекор го направил во 2012 година, кога имал 41 година.

6. Марк Кјубан - Познатиот инвеститор и сопственик на „Далас Маверикс“ во клубот на милијардери влегол една година помлад од Маск и Бренсон; во 1998 година.

5. Џеф Безос - Најбогатиот човек на светот станал милијардер  во 1999 година кога имал 35 години.

4. Бил Гејтс - Во клубот на милијардери Гејтс влегол кога имал 31 година. Во тоа време, 1987 година, тој бил најмладата личност во историјата чие богатство надминало милијарда долари.

3. Лери Пејџ - Откако „Гугл“ излезе на берзата во 2004 година, Пејџ станал милијардер. Тогаш имал 30 години.

2. Еван Шпигел - коосновачот и шеф на „Снепчет“ станал милијардер пред пет години, а денес овој 30-годишник вреди 4,5 милијарди долари.

1. Марк Закерберг - Тешко дека некој наскоро ќе му ја земе титулата на шефот на „Фејсбук“ како најмлада личност што станала милијардер. Кога станал милијардер, Закерберг имал само 23 години.

Промовирани огласи »

Ако се наоѓате и вие помеѓу оние кои се чуствуваат обесхрабрено кога ќе го погледнат својот професионален напредок или финансиската ситуација, прочитајте неколку совети од еден од најпознатите лидер, Џек Ма, основачот на Алибаба.

Некои од неговите животни лекции може ќе ви се допаднат, па може веднаш да почнете да ги применувате.

  • Вашите прилики барајте ги на далеку и широко- во потрага по потенцијална прилика, побарајте во секој агол и под секој камен
  • Третирајте ја секоја прилика како отворена врата- ниту една шанса не е премала
  • Делувајте брзо- кога ќе ви се појави шанса, веднаш делувајте
  • Канализирајте ги вашите амбиции- посветете се на вашата цел и одете спрема неа
  • Искористувајте ги приликите во младоста
  • Вработете ги оние кои имаат подобри технички вештини од самите вас- работниците секогаш треба да бидат експерти во својата област
  • Бидете лидер со визија, упорност и борбеност- ова се вештини кои се од витално значење за да водите компанија. Вие мора да бидете визионер и да ги гледате приликите кои што другите не ги гледаат
  • Одете до крај- во тешки времиња не се откажувајте од идејата
  • Ставот е поважен од способноста- без разлика какви времиња доаѓаат. Успешните лидери остануваат сигурни и мирни во својата мисија
  • Секогаш одлучувајте со здрав разум- лидерите не се секогаш најпаметни и најквалификувани, меѓутоа тие се опколени со екперти на кои им се обраќаат за совет
  • Вашата работа е да бидете внимателни, вредни и поамбициозни од другите
  • Сите конкуретни сфаќајте ги сериозни
  • Победниците не се жалат- ако постојано се жалите тогаш тоа е знак на неуспех, работата носи предизвици, а начинот на кој се носите со нив е важен за успехот
  • На прво место ви се клиентите, па потоа вработение- како лидер вие имате ограничена количина на време и енергија, фокусирајте се на оние кои што ви овозможуваат да работите, а тоа се клиентите
  • Заборавете на парите- вие не започнувате со некоја работа само поради пари, ако се фокусирате само на парите, нема да носите одлуки кои ќе ви помогнат да го издржите патувањето. Одете по патот, мирно и амбициозно, а со текот на времето ќе дојдат и парите
  • Родени сме да уживаме во животот, а не да го поминеме работејќи- смислата на животот не е само работата, фокусот треба да биде и на уживањето, не само во работата, туку и во луѓето кои ве опкружуваат

Промовирани огласи »

Според независниот аналитичар Матијас Шмит, во земјите во ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија, во првите шест месеци на оваа година биле купени нови 500.000 електрифицирани примероци.

Кина привремено ја загуби позицијата на најголем светски пазар за електрифицирани возила, откако за седум месеци во 2020 година, поголем број биле продадени во Европа.

Според независниот аналитичар Матијас Шмит, во земјите во ЕУ, плус Исланд, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија, од јануари до јули оваа година биле купени нови 500.000 електрифицирани примероци.

Бројката во која се вклучени електричните возила и плаг-ин хибридите е за 14.000 поголема од таа која била пријавена од производителите на кинескиот пазар.

Се подобрата и поголема понуда, но пред се и сериозните субвенции кои ги доделуваат европските влади овозможија голем раст на електрифицирните автомобили во овој период, додека истовремено кинеската влада ги намалува истите, што се чувствува и на бројките на пазарот кој постојано беше лидер во овој сегмент на светско ниво.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »