За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање...
повеќе за компанијата »Финасиско друштво Еазу Фајнанс АД Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.
Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.
Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како Кредитен референт
Позицијата вклучува:
- Навремена и ефикасна услуга за корисници вo нашата експозитура;
- Водење и ажурирање на апликации;
- Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници;
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
- ВСС од областа на економија и економски науки се смета за предност
- Познавање на основите на финансиско работење и работа со компјутери,
Опис на работни задачи:
- Промоција и продажба на финансиски производи,
- Проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите,
- Градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите.
Кандидатот треба да поседува:
- Самоиницијативност и способност за тимска работа,
- Работа со луѓе и комуникација и има позитивен пристап кон работата.
- Примање, анализа и обработка на барањата од клиенти – физички лица;
- Понуда и промоција на продуктите на финансиското друштво на физички лица;
- Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за физички лица;
- Аквизиција на нови клиенти за друштвото и одржување на континуирани контакти со постојаните;
- Грижа за клиентите, одржување на континуирана комуникација и релации за поттикнување на нови и повторливи кредитирања;
- Унапредување на односите со постојаните клиенти;
Она што бараме од идниот кандидат е организираност, способност за работа под притисок, вештини за убедување, фокус кон резултати, високо ниво на доверливост и лојалност
- Завршено ССС/ВСС образование;
- Познавање и работа со компјутери;
- Предност имаат кандидати со претходното искуство кои ја сакаат продажбата и работата со луѓе
Што ти нудиме?
- Обука за работното место
- Одлична работна атмосфера
- Современа и најнова технологија
- Можност за напредување
- Фиксна плата + бонуси
- Работно време од понеделник до петок од 8:30 до 16:30
Ние сме победници!
Играме како тим!
Од тебе очекуваме:
- Да носиш одлуки и да решаваш проблеми засновани на податоци
- Да бидеш одговорен и да превземеш одговорност
- Да тестираш и научиш, да правиш грешки, но повторно да се обидеш
- Да почитуваш, разбираш и помагаш во тимот
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим,
Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]