Промовирани огласи »

Доларот ја губи својата вредност, и тој е на најниско ниво за период од две години. 

Американскиот долар паѓа во однос на најголемите светски валути веќе петти ден по ред. 

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската во однос на најголемите ривалски валути, ослабел, според најновите податоци, за 0,3 проценти, на 92,55 поени, а во еден момент падна на 92,46 поени, најниско ниво од јуни 2018 година, објави Ројтерс.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото, на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за десет дена.

Тој потона половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари. Ова е најслабо ниво во последниве две недели.

Промовирани огласи »

Дали владината мерка за зголемување на платите во приватниот сектор има ефект? Работниците чекаат повисоки плати, работодавачите прават пресметки. Корона кризата си го зема данокот. Едно е јасно, најмногу трпат работниците. 

Надлежните велат минималната плата ја добиваат сите и законот ги дава очекуваните резултати, а дел од работниците веќе почнаа да се жалат на злоупотреби.

Државата со цел да обезбеди загарантирана исплата на минималната плата од 14.500 денари, обезбеди средства за субвенционирање на компаниите, а преку Управата за јавни приходи воведе нов систем што не овозможува исплата на плати под оваа сума.

И покрај ова, интересот на компаниите за добивање субвенции од државата е релативно мал. Објаснувањата се движат од тоа дека компаниите имаат средства за да ја исплатат платата, дека не исполнуваат услови, до тоа дека се плашат од инспекциски надзор.

Од друга страна, од МТСП посочуваат дека и покрај релативно малиот интерес на компаниите, Законот за минимална плата го дал својот ефект и оти над 88 илјади работници добиле минимална плата.

Дел од работниците се принудени на газдите да им вратат на рака дел од парите, и најчесто не се охрабруваат да говорат за тоа и да ги пријават злоупотребите. Ова особено е присутно во текстилните, кожарските и чевларските компании, каде е и најголем бројот на работници кои добиваат минимална плата.

Барањето на газдите, работниците на рака да им вратат дел од минималната плата е кривично дело, посочуваат надлежните и граѓанските организации за заштита на правата на работниците и барааат тие да ги пријават злоупотребите и да сведочат. Во спротивно велат, никој не може да им помогне.

Промовирани огласи »

Граѓаните би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките, но само ако останат актуелните каматни стапки. Сепак, засега нема ништо ново за оваа тема и останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.

Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата. Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.

-Регулаторните измени со коишто се овозможи олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, ќе се разгледа можноста нивната важност да биде продолжена – рекоа претходно од Народна банка.

Промовирани огласи »

До минатиот век Бил Гејтс ја држеше титулата за најмладиот што ја заработил првата милијарда. Титулата му ја зеде Марк Закерберг кога имаше само 23 години.


Додека од една страна компаниите низ светот во текот на пандемијата поделија милион откази, ги намалија платите, а многу и се затворија, дел од најголемите светски богаташи го зголемија своето богатство за милијарди, односно десетици милијарди долари. Вредноста на Џеф Безос е речиси 200 милијарди долари, додека Марк Закерберг на 36 години тежи 100 милијарди долари.

„Бизнис инсајдер“ истражуваше колку години имале денешните најголеми богаташи кога ја пробиле границата од милијарда долари.

10. Опра Винфри - Познатата американска водителка денес тежи 2,5 милијарди долари, а до милијарда стигнала во 2003 година, кога имала 49 години. Во историјата ќе остане запаметена како првата Афроамериканка што самостојно заработила милијарда долари.

9. Мег Витман - Во клубот на милијардери се придружи нешто порано од Опра, во 1998 година кога имала 42 години. Сега нејзината вредност изнесува 5,1 милијарди долари. Витман беше извршна директорка на „Ибеј“ и „Хеулет-Пакард“, а моментално е шефица на стриминг-сервисот „Куиби“. Нејзиното богатство надминало милијарда по излегувањето на „Ибеј“ на берзата.

8. Ричард Бренсон - Во 1991 година Бренсон имал 31 година, а наредните 19 години неговото богатство се искачило на 4,6 милијарди.

7. Илон Маск - Богатството на ексцентричниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс екс“, и еден од основачите на „Пејпал“ се приближува до 70 милијарди долари, а првиот милијардерски чекор го направил во 2012 година, кога имал 41 година.

6. Марк Кјубан - Познатиот инвеститор и сопственик на „Далас Маверикс“ во клубот на милијардери влегол една година помлад од Маск и Бренсон; во 1998 година.

5. Џеф Безос - Најбогатиот човек на светот станал милијардер  во 1999 година кога имал 35 години.

4. Бил Гејтс - Во клубот на милијардери Гејтс влегол кога имал 31 година. Во тоа време, 1987 година, тој бил најмладата личност во историјата чие богатство надминало милијарда долари.

3. Лери Пејџ - Откако „Гугл“ излезе на берзата во 2004 година, Пејџ станал милијардер. Тогаш имал 30 години.

2. Еван Шпигел - коосновачот и шеф на „Снепчет“ станал милијардер пред пет години, а денес овој 30-годишник вреди 4,5 милијарди долари.

1. Марк Закерберг - Тешко дека некој наскоро ќе му ја земе титулата на шефот на „Фејсбук“ како најмлада личност што станала милијардер. Кога станал милијардер, Закерберг имал само 23 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »