Промовирани огласи »

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила, рече Шахпаска.

Промовирани огласи »

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што појасни, иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

-Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.

Министерката најави и дека школската година ќе заврши на 10 јуни.

Промовирани огласи »

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека  остануваат средства за уште околу 1.800 барања за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

За добивање на овие субвенци граѓаните може да аплицираат онлајн.

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 3216 апликации.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. 

Промовирани огласи »

Плаќањето со платежните картички во трговијата во земјата пораснало за над седум проценти годишно, а вредноста на остварените трансакции се зголемила за повеќе од 17 проценти на годишно ниво и во услови на пандемија,соопшти Народната банка. 

Најголеме  растот на плаќањата на граѓаните со платежни картички на местата на продажба на интернет, кој во вториот квартал од оваа година изнесува речиси 170 проценти. Тоа е за пет пати повисок од годишниот раст во истиот квартал од минатaта година. Платежните картички на физички места на продажба во вториот квартал од 2020 година пораснале за 4,9 отсто кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

„Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3 проценти во однос на бројот и 17,4 отсто во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%). Граѓаните ги извршувале плаќањата најчесто преку компјутер. Поконкретно, кај плаќањата извршени преку компјутер, во вториот квартал од 2020 година се забележува висок годишен раст од 32,9 отсто, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал од минатaта година, кој изнесуваше 14,7 проценти, стои во извештајот. 

Во вториот квартал од годинава продолжува трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за извршување плаќања во земјата. Бројот на плаќања извршени со мобилен телефон пораснал за над 75 проценти.

„Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 отсто, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, заклучуваат од Народна банка

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »