Промовирани огласи »

За тие што ќе сакаат предвреме да одат во пензија, факт е дека нема да ја земаат целата сума на редовната пензија, туку намален износ.

Колкаво ќе биде тоа намалување, осносно колку проценти, засега не се знае, а тоа ќе биде познато кога ќе биде донесен соодветниот закон, кој во моментов се „крои“, а се очекува дека ќе стапи на сила од стартот на идната година.

Според информациите, колку помала пензија ќе земаат, ќе зависи од тоа колку години порано ја напуштиле работата.

Притоа, со новите законски решенија, жените ќе може предвреме да се пензионираат на 57, а мажите на 59 година, со тоа што ќе добиваат помала пензја. 

Според податоците на ПИОМ, со предвременото пензионирање од 5 години се опфатени 52 илјади вработени и тоа 28 илјади мажи и 23 илјади жени. 

Промовирани огласи »

Довербата што постојано ја добиваме од нашите корисници ни говори дека во А1 гледаат доверлив партнер за сите услуги кои им се ставени на располагање и нивното секојдневие го прават уште поквалитетно и поедноставно.Таа доверба, за нас како компанија останува постојана инспирација за континуирана работа и посветеност во овозможување и усовршување на врвно корисничко искуство, вели во интервју за МИА Методија Мирчев, извршен директор на телекомуникациската компанија А1 Македонија, точно една година по стартот со работа под новиот бренд.


Во изминатиов период, потенцира Мирчев, докажавме дека воведувањето на новиот бренд не беше само промена на логото и дизајнот, туку значеше стратегиска промена која влијаеше на сите сегменти во работењето и промена која значеше пресретнување на сите комуникациски потреби на нашите корисници. Воведовме значајни промени во концептот на работа во продажните салони, воведовме нови, модерни и софистицирани дигитални алатки, модерна инфраструктура, континуирано работиме на усовршување и обезбедување врвна мрежа и премиум корисничко искуство, со што групациската синергија стана уште повидлива.
Според Мирчев, во периодот на КОВИД кризата се адаптирале, одговориле брзо и успеале да бидат поддршка и партнер на корисниците кога најмногу им беа потребни. Нотирале значајно зголемување на интернет сообраќајот, двојно зголемен обем на говорен сообраќај и мобилен интернет како резултат на прилагодувањето на компаниите со работа од дома и останувањето на нивните корисници дома согласно со мерките за заштита. Ги презеле сите мерки за обезбедување телекомуникациска мрежа која на сигурен и стабилен начин обезбедува континиуитет на клучните услуги притоа имајќи ги предвид зголемените потреби.
Тоа што како компанија можат да го посочат и пренесат на јавноста како искуство од пандемијата, како што вели, е видливата промена на навиките на заедницата кои се префрлија на дигитални платформи.
„Работењето од дома и обезбедувањето континуитет на бизнисите е само почеток во трансформацијата. Оваа состојба ги става сите деловни субјекти пред предизвик да ја преиспитаат својата визија, како да обезбедат вредност за своите корисници во дигиталниот свет. Вредноста на дигиталните канали, продукти и операции во моментов е неопходност за сите компании. И нема да биде претенциозно ако кажам дека ова е повик за будење за сите субјекти кои досега не размислувале или ја одложувале дигиталната трансформација, а сите кои веќе ги применуваат дигиталните алатки или се префрлаат на дигитален начин на работа ќе обезбедат одржливост на своите бизниси“, наведува извршниот директор на А1.

Промовирани огласи »

Финската премиерка Сана Марин не се откажува од идејата работниот ден да трае шест часа.

Во последно време, како никогаш претходно се зборува за скратување на работното време, без разлика дали тоа е воведување на работна недела што трае од понеделник до четврток или работен ден со само шест работни часа.

На сето тоа допринесе и „ублажувањето“ на конвеционалните работни стандарди, како што е одењето во канцеларија, со оглед на тоа што за време на кризата сфативме дека толку многу работи можат да се направат од дома, од дневната соба на вработените, без никаков проблем.

Во Европа, но и во светот, во моментов има барем „три струи“ кога станува збор за оваа тема. Ако ги тргнеме настрана оние кои се против скратување на работното време, кое обично трае 40 часа неделно, тогаш остануваат две групи: едната е за пократок работен ден, а другата е за пократка работна недела. Заедничко за двете групи е тоа што се против продолжување на традиционалното работно време од 40 часа.

На пример, Германците се повеќе почнаа да ја заговараат идејата за четиридневна работна недела, со цел да имаат повеќе слободно време за себе и за своите семејства. Аргументот е дека некои застарени деловни модели, кога мажите работеле, а жените се грижеле за домаќинството и децата, се уште владеат во таа земја.

Овој принцип е веќе присутен во многу европски земји, особено на северот. Во Холандија, праксата на „Casual Friday“ трае веќе подолго време, кога работното време завршува малку порано, а пред крајот на напорната работна недела колегите може да се послужат со храна и пијалоци што ги обезбедува компанијата.

Од друга страна, финската премиерка Сана Марин и понатаму заговара шестчасовен работен ден, иако во последно време наидува на отпор од други четири партии кои се дел од коалициската влада.

Ние мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да тргне кон пократко работно време, а вработените Финци кон подобар работен век, изјави таа.

Ваквите иницијативи доаѓаат и од далечниот Нов Зеланд, а премиерката на таа земја, Јасинда Ардерн, поинтензивно зборуваше за тоа во време на кризата, кога беше потребно да се опорави домашниот туризам. Таа смета дека на овој начин луѓето би патувале повеќе и би оставиле повеќе пари во својата земја, доколку имаат продолжен викенд.

Какво е вашето мислење за сето ова? Дали сте за скратена работна недела или скратен работен ден?

Промовирани огласи »

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила, рече Шахпаска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »