Промовирани огласи »

Финската премиерка Сана Марин не се откажува од идејата работниот ден да трае шест часа.

Во последно време, како никогаш претходно се зборува за скратување на работното време, без разлика дали тоа е воведување на работна недела што трае од понеделник до четврток или работен ден со само шест работни часа.

На сето тоа допринесе и „ублажувањето“ на конвеционалните работни стандарди, како што е одењето во канцеларија, со оглед на тоа што за време на кризата сфативме дека толку многу работи можат да се направат од дома, од дневната соба на вработените, без никаков проблем.

Во Европа, но и во светот, во моментов има барем „три струи“ кога станува збор за оваа тема. Ако ги тргнеме настрана оние кои се против скратување на работното време, кое обично трае 40 часа неделно, тогаш остануваат две групи: едната е за пократок работен ден, а другата е за пократка работна недела. Заедничко за двете групи е тоа што се против продолжување на традиционалното работно време од 40 часа.

На пример, Германците се повеќе почнаа да ја заговараат идејата за четиридневна работна недела, со цел да имаат повеќе слободно време за себе и за своите семејства. Аргументот е дека некои застарени деловни модели, кога мажите работеле, а жените се грижеле за домаќинството и децата, се уште владеат во таа земја.

Овој принцип е веќе присутен во многу европски земји, особено на северот. Во Холандија, праксата на „Casual Friday“ трае веќе подолго време, кога работното време завршува малку порано, а пред крајот на напорната работна недела колегите може да се послужат со храна и пијалоци што ги обезбедува компанијата.

Од друга страна, финската премиерка Сана Марин и понатаму заговара шестчасовен работен ден, иако во последно време наидува на отпор од други четири партии кои се дел од коалициската влада.

Ние мора да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да тргне кон пократко работно време, а вработените Финци кон подобар работен век, изјави таа.

Ваквите иницијативи доаѓаат и од далечниот Нов Зеланд, а премиерката на таа земја, Јасинда Ардерн, поинтензивно зборуваше за тоа во време на кризата, кога беше потребно да се опорави домашниот туризам. Таа смета дека на овој начин луѓето би патувале повеќе и би оставиле повеќе пари во својата земја, доколку имаат продолжен викенд.

Какво е вашето мислење за сето ова? Дали сте за скратена работна недела или скратен работен ден?

Промовирани огласи »

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила, рече Шахпаска.

Промовирани огласи »

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што појасни, иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

-Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа, рече Царовска.

Министерката најави и дека школската година ќе заврши на 10 јуни.

Промовирани огласи »

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека  остануваат средства за уште околу 1.800 барања за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата.

За добивање на овие субвенци граѓаните може да аплицираат онлајн.

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 3216 апликации.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »