Промовирани огласи »

Казните преку пошта за направен сообраќаен прекршок ќе станат реалност во Македонија. Ова го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој кажа дека планот за инсталирање на камери на улиците веќе се изработува, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, но и исклучување на човечкиот фактор, односно народно кажано “бркање на врски” за да не добијат казна за сторениот прекршок.

“Да инсталираме модена технологија камери кои практично ќе бидат тие што ќе укажуваат на неправилности во сообрќајот да имаме еден затворен систем каде што нема да има влијание човечиот фактор, зошто знаеме дека само тогаш кога немаме влијание од човечки фактор имаме најдобри резултатите немаме селективност имаме добра транспарентност. За тоа имаме проект пред практично моето заминување, ќе го интернзивираме во наредниот период и да можеме за многу краток период да ги инсталиираме тие камери.”- Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи

На сообраќајниците низ државата веќе се поставени камери, но тие не служат за казнување, туку за спречување на криминалитетот на улиците. Причината зошто овие камери не се користат за санкционирање на учесниците во сообраќајот е поради фактот што тие обезбедуваат податоци кои се во спротивност со Законот за заштита на лични податоци.

-Ние имаме измени во Законот за безбедност во сообраќајот кој е во собраниска процедура, секако сите закоснски промени кои треба да се направат ќе бидат направенин се со цел да имаме функционална употреба на камерите и тие да дадат резултати во пракаса. Секое законско решение кое значи пред се заштита на личните податоци ќе биде до максимум испочитувано.- вели Спасовски.

Според познавачите, но и согласно европската пракса камерите да се користат за санкционирање на недоговорните учесници во сообраќајот неопходно е тие да бидат вградени во посебни јами на самиот коловоз како би можело единствен податок кој што ќе го обезбедуваат овие камери да бидат регистерската таблица на возилото, а не и податоци за лицата кои се во внатрешноста на возилото.

Спасовски во следниот период најави дека МВР ќе има зголемени контроли и акции во борба против криминалот и корупцијата . Ќе се подобруваат условите на полициските службеници преку реновирање и изградба на полициски објекти, набавка на нови униформи, во напредна фаза е изградба на зградата на кримтехника со современа форензичка лабораторија.

Промовирани огласи »

Одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика пред еден месец за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја предизвика бурни реакции во јавноста.

Граѓаните на Македонија се втори на листата по плаќање најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.

Ако се спореди цената на струја во однос на просечната плата, според пресметките на платформата Рефлектор, направени врз основа на податоците објавени од Еуростат, струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Така на пример, еден мегаватчас електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.

Со поскапувањето на струјата за 7,4 проценти сметките ќе пораснат во просек за 180 денари месечно, односно 2. 200 денари годишно. Ова значи дека секое домаќинство со просечна потрошувачка за една година ќе треба да плати дополнителни 2. 200 денари повеќе за струја. Ова е плус оптеретување по џебот на граѓаните. Ова поскапување на цената на струјата дополнително оптеретува 564 000 домаќинства во Македонија годишно само по основ сметка за струја.
Според економските аналитичари во земјава, ние сме во трите најсиромашни земји во Европа, според Еуростат, и затоа се реагира на поскапувањето на струјата особено во оваа состојба на пандемија. Со поскапувањето на цената на струјата растат и трошоците за живот што е директен удар врз џебот на граѓаните.

Промовирани огласи »

Зоран Заев, премиерот на Македонија, пред вчерашниот состанок со Дарко Димовски, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, рече дека Владата останува на ставот работниците да можат предвремено да се пензионираат само доколку се согласат на намалување на пензијата.

Наспроти ова, Димовски тврди дека ССМ бара работниците да може да се пензионираат според бројот на годините како стаж, а не според возраста.

- Жените да може да се пензионираат со 35 години стаж и мажите да одат во редовна пензија со 40 години, без разлика на нивната возраст. За нив да се обезбеди предвремена старосна пензија, бидејќи многу од нив не можат да дочекаат редовно да се пензионираат на 62, односно 64 години поради здравствени причини или претпријатието каде што работеле им отишло во стечај, рече Димовски на заедничката прес-конференција со Заев.

Претседателот на Владата рече дека уште денеска на состанокот ќе бидат утврдени некои мерки, но кога станува збор за пензионирање, ставот е воведување можност за предвремено пензионирање на максимум 5 години пред редовното пензионирање..

- Можеме да најдеме механизам преку тоа на што е подготвена Владата со докуп на стаж. Дражавата ќе развие алатки и методи, за да можеме и ние како Влада да го издржиме тоа. Опцијата е доколку тој се уплати, но во разни сектори и под разни услови, со цел таму да има поголема продуктивност на трудот, рече Заев.

Тој најави можност работниците сами да го доплаќаат придонесот, доколку го немаат условот од 15 години за пензионирање а се 5 години до пензија.

Промовирани огласи »

Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Македонија од 31.08.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,575 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,956 ден/кг.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »