Промовирани огласи »

А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција –  „Славчо”, со уште повеќе функционалности, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.

„Четботот ‘Славчо’ е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на своите прашања без да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, но и ќе им помогне во надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услуги. Со неговото усовршување, А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои овозможуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници и го прави процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио пријатно искуство”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик, притоа разбирајќи кирилица и латиница. Освен помош при избор на телефонски уред, виртуелниот експерт може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 – интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и Facebook Messenger.

Промовирани огласи »

Крешник Бектеши, министерот за економија, денеспа пред средбата со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека од следната недела ќе започне процесот на ребалансирање на буџетот поради корона-кризата и најавениот четвртиот пакет на економски мерки.

- Ќе има ребаланс на буџетот, одлука следната недела ќе се донесе, кога го очекуваме и предлогот од Министерството за финансии, изјави Бектеши, при тоа не откривајќи какв мерки од четвртиот сет за справување со економските последици од коронавирусот ќе бидат донесени. 

Бектеши најави дека главно ќе се работи за даночни олеснувања и директни субвенции за претпријатијата, особено од секторите кои се најмногу погодени и кои се уште немаат дозвола за работа од државата.

Данела Арсовска, претседателката на ССК, рече дека државата од сите останати во регионот процентуално најмалку одвоила од своето БДП за економска помош и дека голем број на дејности се уште не смеат да работат, а немаат право на субвенции уште од јули месец.

Првото прекројување на државната каса се случи во мај на безмалку два месеци по појавата на пандемијата во земјава со кој се дополнија буџетите на одредени министерства како клучни за борба со Ковид-19, а се укинаа одредени мерки кои се сметаа за ирелевантни и се редуцираа одредени трошоци.

Промовирани огласи »

Целите кон напредување во вашата кариера, но иако изгледа дека сè правите правилно (не доцните на работа, секогаш ги завршувате задачите во поставениот рок), сè уште не добивате унапредување или зголемување на платата. Одговорот зошто не сте наградени за вашиот труд и посветеност кон работата е едноставен: не сте ги исполниле очекувањата на вашиот претпоставен. Исполнување на очекувањата на вашиот шеф се клучни за добивање на саканото покачување, затоа треба да се потрудите да додадете вредност на работата.

Барање за зголемување на платата може да биде непријатно и стресно, но постојат стратегии што може да ги користите за да стигнете до својата цел – да ви се покачи платата без да побарате.

Додадете вредност на вашата работа

Една од најефикасните стратегии за да добиете зголемување на платата без да го побарате е да се обидете да додадете повеќе вредност за вашата работа преку носењето повеќе пари или клиенти на компанијата или намалување на трошоците.

Професионален развој

Покрај развивање на вештини што се потребни за вашата работа, научете повеќе за компанијата, конкурентите, најновите технологии и предизвици. На тој начин ќе додадете вредност на работата, а шефот ќе биде воодушевен од знаењето што го имате.

Откријте ги грешките

Одговорноста е многу важна. Многумина се обидуваат да ги прикријат своите грешки плашејќи се од последиците кога би ја признале вината. Покажете му на вашиот шеф дека не се плашите да ги признаете своите грешки и понудете решение за нивно поправање. Така ќе покажете дека сте одговорни, креативни и проактивни.

Бидете проактивни

Не бидете работник кој го изработува само тоа што му е делегирано да го заврши. Шефовите сакаат работници со визија, затоа пренесете ја секоја идеја што ја имате за компанијата на долг рок.

Покажете смиреност во криза

Способноста да се справите со кризни времиња во компанијата е способност што ја цени шефот. Без разлика дали станува збор за конфликт меѓу вработени, сменето правило… потрудете се да останете смирени. Вашата смиреност и способност да размислувате јасно за време на криза покажува дека имате лидерски потенцијал.

Промовирани огласи »

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи.

-Исклучок од ова ќе бидат само лицата, односно пациентите кај кои болеста е во фаза на влошување и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба.

Претставниците на повеќе здруженија на хронично болни пациенти денеска ги усогласија критериумите за враќање на работа на оваа категроија граѓани.

Предлозите, ги испратија до Министерството за здравство, а утре ќе имаат средба и со министерот Филипче.

Нивно главно барање е болните со најголем ризик да останат дома.

-Во рамки на денешната седница меѓу другото одлучено е бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. Тоа значи, за работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември 2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа, велат од Министерството.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »