Промовирани огласи »

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но, како ќе функционира?

Според информациите на Centar.mk, за време на т.н. Викенд без ДДВ граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Неофицијално, се очекува, сето тоа да оди преку актуелната апликација МОЈ ДДВ, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат во продавниците, салоните за мебел, бутиците и тн.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли во т.н. викенд без ДДВ.

Пример доколку биде купен мебел од некоја македонска компанија во вредност од 20.000 денари, а даночната стапка изнесува 18 проценти. Истото парче мебел на крајот ќе ве чини 3.600 денари помалку, односно 16.400 денари.

Сепак, за официјалниот начин, за тоа како ќе функционира оваа мерка и кога ќе биде реализирана се’ уште не е обелоденето.

За реализацијата на оваа мерка Владата е внимателна бидејќи се зема во предвид и моменталната епедимиолошка состојба, со цел граѓаните да бидат заштитени при пазарањето.

Оваа мерка како што беше објавено, треба дополнително да им помогне на бизнисите за време на кризата. И додека следниве недели, доколку има услови за тоа, ја очекуваме оваа мерка, владата крчка нов четврти пакет за поддршка на бизнисот и граѓаните.

Промовирани огласи »

Сè уште има такви кои не се подготвени да се вратат во добрата, стара канцеларија.

Дојче банка им соопшти на своите работници во Њујорк дека најверојатно ќе продолжат со работа од дома до средината на 2021 година, за разлика од ривалските банки кои сакаат да ги вратат своите работници во своите канцеларии.

Во своето соопштение, банката изрази разбирање за своите колеги кои се соочуваат со постојано синхронизирање на работата и училишниот распоред на децата, како и загриженост за јавниот превоз, чистотата и квалитетот на животот.

Вработените можат да работат од дома до јули, кога компанијата планира да го премести своето седиште од Волстрит во нови канцеларии на Менхетен.

– Ќе ве замолиме да се вратите во канцеларијата кога ќе се преселиме во нашата нова зграда, под претпоставка дека тогашното опкружување ќе овозможи безбедно враќање на работното место – рече Матијас Круз, шеф на американскиот огранок.

Другите компании сакаат што поскоро да ги вратат своите работници во своите канцеларии, а ЈП Морган Чејс им соопшти на своите вработени дека крајниот рок е денес.

Од друга страна, некои работници ширум светот се толку навикнати да работат од дома што сакаат да продолжат со тоа темпо, доколку е можно барем два дена во неделата.

Промовирани огласи »

Џеф Безос го објави првиот оглас за вработување во Amazon во август 1994 година и тој е целосно во согласност со начинот на кој Безос и денес ја води својата технолошка империја.

Името на компанијата во тоа време беше Cadabra, скратена верзија на волшебниот израз Абракадабра. Откако адвокатот на Безос му рекол дека Cadabra звучи како леш преку телефон, Безос го сменил.

Во огласот на Безос се наведува дека тој бара исклучително талентирани програмери кои ќе помогнат во отворање на онлајн продавница. И со истите високи стандарди што ги бара Безос денес, тој напиша дека кандидатите треба да можат да градат големи сложени системи.

Во своето прво писмо до акционерите во 1997 година, Безос го опиша своето претпазливо вработување како најважниот елемент за успехот на компанијата.

“Високите стандарди во нашиот пристап кон вработувањето беа и ќе бидат најважниот елемент за успехот на Amazon“, рече Безос.

Промовирани огласи »

Основачот на познатиот ланец супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц е најбогатиот Германец.

Ранг-листата на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и ланецот „Кауфланд“ има имот вреден 41,8 милијарди евра.

На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс“ и „Коти“ со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на трето е семејството на Волфганг Порше, сопственик на автомобилските гиганти „Порше“ и „Фолксваген“, со имот вреден околу 20 милијарди евра.

Вкупниот имот на 1.000 најбогати Германци, според „Билд“, во моментов достигнува вредност од 1,1 трилиона евра, што е за 0,76 проценти повеќе од минатата година.

Весникот наведува и дека во Германија има 251 милијардер, што е за осум помалку од минатата година.

MИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »