Промовирани огласи »

Владата ги открива деталите од четвртиот пакет на економски мерки, кој набргу треба и целосно да биде промовиран и според кажаното помош може да го очекуваат и фирмите и граѓаните. И овој пат, за граѓаните ќе има платежни картички со пари од државата, а оваа вест „ги разбуди“ невработените, кои поитаа кон Агенцијата за вработување за да се евидентираат, пишува Слободен печат.

Во Агенцијата, како што можевме да забележиме, дојдоа многумина што досега не се пријавувале како невработени. Причините за тоа се различни. Едни велат дека не веруваат во тоа дека Агенцијата ќе им најде работа и сами си аплицираат по огласи. Според други, тие веќе нешто работат, како чување деца или стари луѓе, и затоа и немаат кога да одат во Агенцијата и да трошат од нивното работно време на евидентирање секој месец или пак еднаш во шест месеци. Од друга страна, како што дознаваме од АВРМ, многумина што досега биле евидентирани како пасивни вработени, кои се пријавувале на секои шест месеци, сега бараат да преминат во активни баратели и да се евидентираат секој месец. Причината за тоа е што кога се делеа картичките со пари од државата, ним не им следуваа пари.

Според сегашните најави од Владата, во четвртиот економски пакет, пари ќе има и за пасивните баратели, токму поради големите реакции во јавноста дека оваа категорија граѓани неправедно беше изоставена од државната помош. Сепак, невработените, исплашени од претходното искуство, не сакат да ризикуваат и да испушат некоја мерка за помош. Заклучно со 31 август, според податоците на Агенцијата за вработување, има 144.759 невработени активни баратели на работа кои се пријавуваат секој месец и 84.058 пасивни баратели, кои се евидентираат на секои шест месеци.

Агенцијата за вработување од 15 септември продолжи со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица што бараат работа).

– Секое невработено лице што има оставено контакт телефонски број веќе е известено по СМС-порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.9.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување термини за редовно пријавување, според законските рокови за пријавување на 30 дена односно на шест месеци. Сите невработени лица што се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното пријавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во СМС-пораката, кој е системски генериран – велат од Агенцијата.

За половина година евидентирани уште 36.882 невработени

За половина година, односно почнувајќи од март, а заклучно со август, евидентирани се уште 36.882 невработени. Но, од Агенцијата за вработување велат дека од нив, само 12.580 биле вработени па им престанал работниот однос во периодот од 12 март кога беше прогласена пандемија со ковид-19 до 31 август.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.

На второто место е дејноста која не само што не беше погодена од кроона-кризата, туку и доби од истата, а тоа е секторот за производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.524 денари. Во првите пет најголеми плати се уште и финансиско-услужни дејности, односно банкарскиот сектор со 43.386, телекомуникации (41.477 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.045 денари). За одбележување е тоа што фармацијата повторно е на второ место иако со намален просек, откако кај банкарскиот сектор во јуни за еден месец се зголемија за 20 отсто.


Во однос на јули 2019 година, зголемувањето на платите е за 8,5 отсто. Во овој период најмногу се зголемила кај образованието (12.7 %), информации и комуникации (12.4 %) и дејности на здравствена  и социјална заштита (12.3 %).

Во однос на претходниот месец е зголемена за 1,4 проценти, а за овој период најмногиу забележано е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.1 %), уметност, забава и рекреација (7.1 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.6 %).

Во однос на почетокот на годината, односно на 1 јануари 2020, е зголемена за 8 отсто.

Промовирани огласи »

Шведската влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст, бидејќи шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцината.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа беше случај и за време на минатите пандемии, кога беа вакцинирани голем број луѓе.

– Веројатно го имавме најголемиот процент на вакцинирани лица во светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат децата, туку оние кои се ризична група – постарите лица и оние кои работат со нив – рече Тегнел.

Промовирани огласи »

Викендот без ДДВ кој го најави Владата, најверојатно ќе се случи следните недели. Но, како ќе функционира?

Според информациите на Centar.mk, за време на т.н. Викенд без ДДВ граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Неофицијално, се очекува, сето тоа да оди преку актуелната апликација МОЈ ДДВ, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат во продавниците, салоните за мебел, бутиците и тн.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли во т.н. викенд без ДДВ.

Пример доколку биде купен мебел од некоја македонска компанија во вредност од 20.000 денари, а даночната стапка изнесува 18 проценти. Истото парче мебел на крајот ќе ве чини 3.600 денари помалку, односно 16.400 денари.

Сепак, за официјалниот начин, за тоа како ќе функционира оваа мерка и кога ќе биде реализирана се’ уште не е обелоденето.

За реализацијата на оваа мерка Владата е внимателна бидејќи се зема во предвид и моменталната епедимиолошка состојба, со цел граѓаните да бидат заштитени при пазарањето.

Оваа мерка како што беше објавено, треба дополнително да им помогне на бизнисите за време на кризата. И додека следниве недели, доколку има услови за тоа, ја очекуваме оваа мерка, владата крчка нов четврти пакет за поддршка на бизнисот и граѓаните.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »