Промовирани огласи »

Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со цел граѓаните да се заштитат од пандемијата од ковид-19.

Одлуката на Владата за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите, па по тој повод во неколку наврати родителите организираа и протести. Велат, дел од децата не се запишани во градинка, каде и нема слободни места, нема кој да ги чува и немаат доволно средства да платат негувателки.

Од Владата, пак, нагласуваат дека е обезбедена целосна грижа за децата во градинките, и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска синоќа повтори дека дека Владата останува на ставот дека родителите треба да се вратат на работа.

„Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели, до 23 септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме“, изјави Шахпаска.

Таа  потсети дека стартот на градинките почна на 9-ти септември и оти родителите имаа две седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа.

„Владината одлука во вонредната состојба за затворање на градинките доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи“, потенцираше министерката.

Шахпаска наведе дека согласно Протоколот што беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со ковид-19.

„На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како министерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. Јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи запишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да го отстапат на родителите на кои што им е неопходно“, апелираше Шахпаска.

Таа истакна дека протоколите јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца.

Во однос на враќањето на работа на хронично болните лица, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат.

„Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. Затоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни кои се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите“, истакна Филипче.

Тој потенцираше дека се враќаат тие кои можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист.

Хронично болните пациенти имаа рок до денеска да посетат специјалист за што беа пуштени дополнителни термини во „Мој Термин“ и е-амбуланта, а, како што информираше Филипче, по потреба рокот ќе биде пролонгиран.

Промовирани огласи »

Драган Тевдовски поранешниот министер за финансии ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон. Според информациите тој веќе е таму. 

Тевдовски е професор на Економскиот факултет во Скопје. 

Тој беше сменет од позицијата министер за финансии кога премиерот Зоран Заев најавуваше „метла“ на кадри во минатиот владин состав. Во ноември лани беше предложен за нов независен член на Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД.  

На министерската позиција го наследи непартиска личност, бизнисменката Нина Ангеловска. 

Ангеловска впрочем беше таа која соопшти дека Владата се откажува од прогресивното оданочување што пак го промовираше самиот Тевдовски. Бизнис заедницата замери за тие измени и Тевдовски беше сменет.

Ангеловска пак не доби функција во извршната власт во новиот владин состав. На нејзино место во министерството за финансии седна Фатмир Бесими. Ангеловска не е присутна во јавноста и не се огласува на социјалните мрежи иако претходно беше доста активна. Вчера само ја смени фотографијата на официјалната страница, каде сега стои дека е претприемач, а поранешен министер за финансии.

Промовирани огласи »

Ирската комисија за заштита на податоци минатиот месец донела одлука со која Фејсбук не смее да ги „префрла“ приватните податоци на корисниците од ЕУ во САД, туку мора да ги чува на сервери во Европската унија, поради страв дека тие податоци се надгледувани од страна на американската влада.

Ако навистина дојде до примена на ваквата одлука, последиците за корисниците и бројните компании во Европа би можеле да бидат катастрофални, објаснуваат од Фејсбук во тужбата што ја поднеле до Високиот суд во Ирска. 

Во тужбата поднесена од страна на шефицата на Фејсбук за заштита на податоците во Ирска, Ивон Канан, се наведува дека во случај на забрана за пренос на податоци, не е јасно како во такви услови би можеле да продолжат со обезбедување услуги на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ.

Накратко, тоа би значело повлекување на овие две популарни социјални мрежи со повеќе од 400 милиони европски корисници од земјите на ЕУ. Таа особено нагласила дека, благодарение на тие мрежи, европските компании оствариле приходи од околу 208 милијарди евра.

Од Фејсбук исто така потсетуваат дека многу други американски технолошки компании ги користат истите методи за пренесување податоци на сервери во САД, но дека ирската комесарка за заштита на личните податоци, Хелен Диксон, го издвоила само Фејсбук и донела одлука што се однесува само на компанијата на Закерберг, пренесува „Zimo“.

Фејсбук подоцна им објасни на медиумите дека најавата за потенцијално повлекување од ЕУ не е закана со која сакаат да извршат притисок на регулаторните тела за промена на нивната одлука, туку нагласува дека компанијата се потпира на пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД за да работи со своите услуги. Без тој трансфер на податоци, Фејсбук нема да може да им ги нуди своите услуги на корисниците во Европската унија.

Промовирани огласи »

Владата ги открива деталите од четвртиот пакет на економски мерки, кој набргу треба и целосно да биде промовиран и според кажаното помош може да го очекуваат и фирмите и граѓаните. И овој пат, за граѓаните ќе има платежни картички со пари од државата, а оваа вест „ги разбуди“ невработените, кои поитаа кон Агенцијата за вработување за да се евидентираат, пишува Слободен печат.

Во Агенцијата, како што можевме да забележиме, дојдоа многумина што досега не се пријавувале како невработени. Причините за тоа се различни. Едни велат дека не веруваат во тоа дека Агенцијата ќе им најде работа и сами си аплицираат по огласи. Според други, тие веќе нешто работат, како чување деца или стари луѓе, и затоа и немаат кога да одат во Агенцијата и да трошат од нивното работно време на евидентирање секој месец или пак еднаш во шест месеци. Од друга страна, како што дознаваме од АВРМ, многумина што досега биле евидентирани како пасивни вработени, кои се пријавувале на секои шест месеци, сега бараат да преминат во активни баратели и да се евидентираат секој месец. Причината за тоа е што кога се делеа картичките со пари од државата, ним не им следуваа пари.

Според сегашните најави од Владата, во четвртиот економски пакет, пари ќе има и за пасивните баратели, токму поради големите реакции во јавноста дека оваа категорија граѓани неправедно беше изоставена од државната помош. Сепак, невработените, исплашени од претходното искуство, не сакат да ризикуваат и да испушат некоја мерка за помош. Заклучно со 31 август, според податоците на Агенцијата за вработување, има 144.759 невработени активни баратели на работа кои се пријавуваат секој месец и 84.058 пасивни баратели, кои се евидентираат на секои шест месеци.

Агенцијата за вработување од 15 септември продолжи со редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа) односно на секои 6 месеци (за другите лица што бараат работа).

– Секое невработено лице што има оставено контакт телефонски број веќе е известено по СМС-порака за точниот датум кога треба да се пријави во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, од причина што од 15.9.2020 година повторно е ставен во функција системот за распределување термини за редовно пријавување, според законските рокови за пријавување на 30 дена односно на шест месеци. Сите невработени лица што се пријавуваа во периодот кога беше запрено редовното пријавување, ги замолуваме да го почитуваат терминот наведен во СМС-пораката, кој е системски генериран – велат од Агенцијата.

За половина година евидентирани уште 36.882 невработени

За половина година, односно почнувајќи од март, а заклучно со август, евидентирани се уште 36.882 невработени. Но, од Агенцијата за вработување велат дека од нив, само 12.580 биле вработени па им престанал работниот однос во периодот од 12 март кога беше прогласена пандемија со ковид-19 до 31 август.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »