Промовирани огласи »

Денеска Владата ќе ја одржи шестата седница, а освен четвртиот пакет антикризни мерки ќе се носат и некои одлуки за образовниот процес. 

Имено на предлог на Министерството за образование, денеска ќе биде разгледана Предлог - уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта. Нема информација за каква уредба станува збор. Владата претходно во вонредната состојба носеше уредби кои имаа законска сила ама тоа беше во услови на вонредна состојба. 

Премиерот Зоран Заев во интервју за ЛОкално вели дека инситуциите внимателно ќе ја следат состојбата и доколку се појави потреба, начинот на организирање на наставниот процес ќе се усогласува со новонастанатите ситуации. 

Собранието ги измени законите за основно и средно образование со што беше овозможено Владата да носи одлуки за образовниот процес.

Инаку денеска треба да се усвојат протоколи за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година. Потоа ќе се разгледувааат протоколите за ученичките домови, за студентските домови. 

Промовирани огласи »

Продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, изјави премиерот на државава, Зоран Заев во интервју за Локално.

За време на овој период, граѓаните ќе можат да пазарат во сите сектори, а на цената која ќе ја платат, дополнително ќе им биде вратен ДДВ. Се очекува, сето тоа да оди преку апликацијата „МојДДВ“, со што граѓаните задолжително ќе треба да ја скенираат сметката од тој викенд и ќе добијат 100 отсто поврат на ДДВ-то кое ќе го платат.

Повратот од 100 отсто на платениот данок ќе важи само тие два дена, па така многу производи ќе може да се купат за 18 или 5 проценти пониска цена согласно даночната стапка за дадената категорија на артикли.

Промовирани огласи »

Марко Бислимоски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика се дрзнува да ја споредува Македонија со Германија каде просечната плата е 3,800 евра или 238,464 денари, а во Македонија се движи околу 25 илјади денари.

„Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа“, ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски на телевизиско гостување пред два дена.

Дел од јавноста иако со потсмев го прифати ова споредување на Бислимоски главно поради фактот што тој не е дилер на автомобили, а цената на автомобилите е засебна област која зависи од опремата која се користи и колку чинат деловите за еден автомобил, многу ќе се сложат дека ваквото тврдење е смешно.

Понатаму, ако ја споредиме цената на струјата со просечната месечна плата, податоци кои беа достапни од Евростат, а ги анализираше Рефлектор, од графиконот може да се види дека Македонија е четврта земја во Европа каде граѓаните плаќаат 19.1% од просечната плата само за сметки за струја, што не лансира на врвот од Европа од земјите кои најмногу прават издатоци за сметки за електрична енергија од својот приход. Па по ова, Бислимовски не е во право кога вели дека Македонија има најефтина струја, затоа што граѓаните издвојуваат скоро 20 проценти од платата само за сметки за струја. Германците плаќаат 11,7% од просечната плата за еден мегаватчас електична енергија, кој во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.

Дополнително, споредбата со Германија е исто нелогична затоа што според Канцеларијата за федерална статистика на Германија последните податоци говорат дека годишната просечна плата на еден германец е 46,560 евра, а месечната просечна плата е 3,880 евра или 238,464 денари. Додека пак во Македонија според последните податоците на Државниот завод за статистика од јули месец, просечната плата е 442 евра или 27.231 денари.

Со дополнителното зголемување на цената на струјата од 7,4% сега граѓаните за сметка од 6,000 денари за електична енергија ќе плаќаат 400 денари повеќе или на годишно ниво уште една дополнителна 13-та сметка за струја.

На големо негодување од страна на граѓаните, реакциите кон изјавата и споредбата со Германија на Бислимоски, граѓаните беа немилосрдни во коментарите од емијата, во револт и големо незадоволство затоа што после дваесетина протести за цената на струјата само овој месец, одлуката на Регулаторна и Владата останува со последното поскапувањето од 7,4 %.

Промовирани огласи »

Профункционира Единствената национална платформа за онлајн учење. Веќе е достапна на адресата www.schools.mk. 

Министерството за образование испратило насоки до училиштата и ги задолжило да достави лозинки до учениците и тоа ако може да се стори до крајот на викендов. 

На платформата ќе треба да се приклучат сите, без оглед дали ќе посетуваат настава со физичко присуство или он лајн.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини. 

Официјално учебната година почнува на 1 октомври. Препораката беше учениците од 1 до 3 одделение да посетуваат настава со физичко присуство додека останатите да бидат он лајн. Сепак има училишта копи исполнија услови и каде настават ќе биде во училиштата. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »