Промовирани огласи »

Во врска со настанот „Бела ноќ“, министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека нивните информации се дека мерките се почитувале во рамките на организацијата, значи гостите седеле согласно препораките, столчињата биле на соодветна дистанца, но мерките не се почитувале надвор од организираниот простор.

– Во таа смисла најавивме претходните денови дека ќе преземеме и дополнителни рестриктивни мерки, а една од нив е целосна забрана за настани, ако видиме дека ова ќе продолжи. Многу земји во светот ги откажуваат настаните и концертите за практично цела 2021 година, стравувајќи од непочитување на мерките. Интензивно ќе следиме и ќе видиме што ќе преземеме, додаде Филипче.

Промовирани огласи »

Во најавениот Викенд без ДДВ кој ќе се спроведе на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи  и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.

-Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, а јас се надевам и до 500000 Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври,ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30.000 денари по пединец и во рок од само некоку дена назад ќе го добијат назад целиот ДДВ 100 проценти, изјави Заев.

Со оваа мерка, како што истакна, се проектира да се направи вкупен промет од над 170 милиони евра, а проекциите стигаат и до 250 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, а со проекција и до 25 милиони евра од поврат на ДДВ

Апелираше до правните субјекти кои ја немаат завршено обврската да ја завршат обврската за разграничување во фискалние каси на домашните од странски производи и услуги.

Промовирани огласи »

Претседателот на Владата, Зоран Заев откако заврши седницата во Владата на прес-конференција го презентираше четвртиот пакет економски мерки.

Тој соопшти дека платежни картички во вредност од 6000 денари ќе добијат следниве категории на граѓани:
-невработени – пасивните баратели на работа,
-пензионерите кои имаат пензии до 15 000 денари
-самохрани родители
-самостојни уметници
-филмски работници
-културни работници
-естрадни уметници и
-540 студенти кои во претходниот пакет не добија платежни картички.

Исто така потенцираше и дека лицата кои имаат над 64 години, а немаат пензија исто така ќе бидат помогнати од државата.

Промовирани огласи »

Во четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата кој Владата треба да го објави денес напладне дел од мерките се даночни олеснувања за одредени сектори.

На средбите со стопанствениците најавено е дека од следната година повеќе расходи на фирмите ќе бидат даночно признат расход.

Така од 1 јануари следната година за даночно признат расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, како и расходите поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар.

Според планот кој ќе биде објавен денеска од 1 јануари 2021 година, данокот на личен доход за доходот во ИКТ секторот ќе се намалува постепено од 10 проценти на 0 проценти до крајот на 2023 година.

Од МАСИТ информираа дека во овој сет на мерки нивните заложби се значително покриени со тоа што

-Од 01.01.2021 година пресметката за персонален данок почнува скалесто да опаѓа од 10% на 0% до крајот на 2023. Засметување на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, валидно од 01.01.2021. За признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар, валидно од 01 01.2021. За признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, валидно од 01.01.2021. Остнуваат на сила мерките за субвенции на плата, одложено плаќање на ДДВ, без каматни кредити за оштетени компании и многу други. Следен чекор е предлог четвртиот сет на мерки да бидат усвоени од страна на Парламентот следната недела со цел дел од нив да стапат на сила од 01.10.2020 година. МАСИТ продолжува да се бори за подобра бизнис клима за раст и развој на ИКТ секторот, информираат од МАСИТ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »