Промовирани огласи »

Наместо наметнати цени од државата компаниите за безбедност при работа бараат креирање на сопствен ценовник на услугите кои ги нудат. Според нив, измени на законот донесен во 2014 година кој предвидува унифицирани цени за компаниите се неоходни.


Претставниците од компаниите сметаат дека правилникот наметнат од министерството за труд и социјална политика е неприлагодлив на услугите кои се нудат. За една услуга која трае неколку минути и друга која трае најмалку два часа, цената според правилникот е иста несметајќи го трошокот на компаниите. 
 

Се ставаме сите под ист чадор. Овој период оние кои работат професионално, се соочуваат со егзистенција - вели Борче Стојчевски – потпретседател на Групацијата за безбедност и здравје при работа.


 Откога новиот правилник стапил на сила драстично е намален квалитет на услугите за безбедност при работа поради што бројката на смртни случаи и повреди на работните места се зголемува. Токму затоа велат од групацијата од сопствениот ценовник на компаниите зависи и здравјето на работниците.
 
„До 2014 ние сме конкурентски фирми и секој може да си понуди цена колку што сака, а клиентот нека оцени која фирма ја сака“ - вели Сашко Стојмановски - претседателот на Групацијата за безбедност и здравје при работа.
 
Во Македонија има околу 45 компании кои се занимаваат со безбедност и заштита при работа. Законот кој ја регулира дејноста е донесен во 2007, а правилникот со унифицирани цени стапил на сила во 2014г. Според последниот извештај во 2015 година се случиле 144 несреќи при работа од кои 39 биле фатални. 

Промовирани огласи »

Од 1 април во Германија на сила стапи нов закон за привремена работа преку агенција. Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а после девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работи.

Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

– Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма – смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма – смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја.

Промовирани огласи »

Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека од вкупно 71.519 деловни субјекти во Македонија дури 8.057 се фирми без ниту едно вработено лице.

Од 1 до 9 вработени има во 56.725 фирми, 3.111 деловни субјекти имаат од 10 до 19 работници, 2030 фирми имаат од 20 до 49 работници, 1.363 фирми имаат од 50 до 249 работници, а 233 фирми имаат над 250 работници.

Податоците на ДЗС покажуваат драстично зголемување на бројот на таканаречени човек-фирми во кои освен основачот односно менаџерот нема ниту еден вработен. Имено, во 2014 година во земјава имало 3.972 човек фирми што значи дека за две години односно во 2016 година нивниот број пораснал на 8.057 или повеќе од два пати.

Промовирани огласи »

Од денес новата банкнота oд 50 евра на кирилица влегува во оптек, објави Европската централна банка.

Ова е трета банкнота од заедничката европска валута, на која натписот "евро" е испишан на кирилица, бидејќи бугарската азбука стана официјален во Европската унија, откако земјата се приклучи во Унијата во 2007 година.

Пред тоа, во 2013 година, прво беа заменети банкнотите од 5 евра, а потоа, во 2014 година, - оние од 10 евра.

Новата банкнота од 50 евра е со подобрена заштита против фалсификат. Ова се наложуваше, бидејќи само во Германија цели 61% од сите запленети фалсификувани банкноти се имено апоени од 50 евра.

Во оптек денес влегуваат 5,4 милијарди од новите банкноти, а тие прво ќе се појавуваат во земјите од еврозоната.

Старите апоени продолжуваат да се редовно платежно средство и не е потребно да се разменуваат. Тие ќе бидат повлечени постепено од банките. До крајот на 2018 година треба да бидат пуштени и нови банкноти со номинална вредност од 100 и 200 евра. Веднаш потоа од оптек ќе се извадат оние со номинална вредност од 500 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »