Промовирани огласи »

Германците ќе добиваат повисоки плати. 

Ќе се зголемува платата во јавниот сектор во земјата. 

Владата постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што опфаќа скоро 2,3 милиони работници во локалната и федералната администрација. 

Договорено е најниските плати да се зголемат 4,5 проценти, а највисоките 3,2, изјави синдикатот „Верди“.

Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година. 

Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.

Економијата во земјата која беше во длабока рецесија, сега се враќа во нормала. 

Промовирани огласи »

Исплатата на пензиите почнува денеска. По препорака на Владата и овој месец пензиите ќе се исплатуваат по групи секој ден до 30 октомври односно до петок. 

Имено се препорачува пензионерите кои имаат картики да не одат дошалтер, а тие кои чекаат готовинска исплата се организираат во четири групи според распоред составен според висината на пензијата.

Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари. 

Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.

Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари

Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Банките веќе објавуваат дека исплатата почнува денеска.

Промовирани огласи »

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новите цени на бензините се: ЕУРОСУПЕР БС  95 – 58,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 60,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар, а новата цена на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) е 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,184  и ќе изнесува 26,938 денари за килограм.

Промовирани огласи »

Пандемијата на коронавирус силно ја погоди австриската економија, па следната година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади компании, како и продолжување на трендот на висока невработеност.

Поради короната, австрискиот јавен долг годинава ќе се зголеми од 70,5 проценти на 84 проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека следната година ќе се зголеми на 84,8 проценти, а во 2022 година на 85 проценти. За да се надмине корона-кризата, австриската Влада стави на располагање 50 милијарди евра, а добар дел од тие пари се обврски и одложувања на данок.

Во услови на економска криза, предизвикана од пандемијата на коронавирус, директорите за финансии на австриските компании се насочија кон намалување на трошоците и забрзување на дигитализацијата, што ќе резултира во многу компании дополнително да се намалат бројот на вработени во следните месеци, според истражувањето на „Делоит“.

Дури 92 проценти од финансиските директори во следните 12 месеци им даваат приоритет на мерките за намалување на трошоците и проширување на дигитализацијата, додека аквизициите или зголемените инвестиции играат мала улога во нивните планови.

Бројот на невработени во Австрија во моментов изнесува 413,24 илјади, што е за 71 илјади повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број на невработени е регистриран во средината на април, како резултат на почетокот на пандемијата. Во тоа време, имаше 588,2 илјади невработени регистрирани во Службата за вработување.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »