Промовирани огласи »

Сите оние кои со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на новите и најмоќни iPhone телефони, од денес ќе можат да направат преднарачка на iPhone12 Pro и iPhone12 на 24 рати БЕЗ камата на haPPy цените во сите НЕПТУН продавници ширум државата и онлајн на https://www.neptun.mk/.

Со прекрасен и комплетно нов дизајн, iPhone12 Pro и iPhone12 се одликуваат со супер нови системи на камера, Super Retina XDR OLED дисплеj и Dolby Vision систем за снимање на видео. Имаат најголема Ceramic Shield заштита и A14 Бионички чип - најбрз чип изработен за смартфон.

Понудата на НЕПТУН за 24 рати без камата на haPPy цени е со ограничени количини и важи само за оние кои ќе направат преднарачка најдоцна до 05.11.2020. А со новиот iPhone, првото селфи ќе може да го направат веќе на 6-ти ноември. Дојдете во НЕПТУН, нарачајте си и бидете меѓу првите со нов iPhone12!

Промовирани огласи »

И покрај сите напори на операторите да се реши проблемот со спорниот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги решение се уште нема. На 8.  ноември истекува рокот за пререгистрација на каналите предвиден со  Уредбата за измена на Законот донесена во време на вонредна состојба.

По истекот на рокот, операторите ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, освен јавниот програмски сервис МТВ што ќе значи информативен мрак и ненадоместливи последици за граѓаните, слободата на медиумите и слободниот пристап до информации, индустријата за електронски комуникации, но и за државата.

И покрај конфузијата која произлезе од донесувањето на овој закон, решение постои, но е заглавено во институиите. Операторите поднесоа Иницијатива до Уставниот суд во февруари годинава за оценување на уставноста на овие одредби од Законот,  за што Уставниот суд сеуште нема донесено одлука. Постои и друга солуција, односно бришење на спорните членови од Законот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“. - Благој Христов, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија каде членуваат сите оператори.

Спорните членови во Законот за медиуми, донесени на почетокот на годинава им наметуваат на операторите обврска да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Тоа значи дека на операторите им се наметнува одговорност за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано,  спротивно на Уставот и не постои во ниту една држава во рамките на Европската Унија.

Доколку наскоро власта и институциите не го решат проблемот, граѓаните ќе останат без телевизиска понуда и информации, што е особено загрижувачки во време на ковид криза, кога информациите голем дел од граѓаните ги црпат токму преку телевизиските вести и другите програми.

Промовирани огласи »

Од вчера носењето на заштитни маски е задолжително и на затворен и на отоворен простор, па затоа е добро да знаете како правилно треба да ја користите истата. Иако веќе 8 месеци луѓето носат маска за заштита поголемиот дел од нив прават барем една грешка која може скапо да ги чини.

Имено, кога ја ставате маската под носот, навистина не се заштитувате, затоа што преку носот многу лесно можете да вдишите или издишите некоја честичка од болеста, па таквото користење е исто како и воошто да не ја носите. Сепак има уште еден проблемот што ги загрижи експертите ширум светот уште повеќе е начинот на кој луѓето ги одржуваат маските.

Може да се претпостави дека некои луѓе носат хируршки маски за еднократна употреба повеќе од еднаш или дека не ги перат повеќекратните после секое носење, но истражување спроведено во Америка покажа дека ситуацијата е полоша отколку што се мислеше.

Истражувањето е спроведено од технолошката компанија „Ливингвард“, а резултатите се шокантни – 80 проценти од испитаниците не ги перат маските по секоја употреба, 43 проценти ги перат еднаш неделно, а 8 проценти воопшто не ги перат!

Кога станува збор за носење заштитни маски за еднократна употреба – дури 68 проценти од учесниците во истражувањето ги носат повеќе од еднаш.

Овој третман ја поништува заштитата обезбедена од маските и создава контра-ефект, влажната ткаенина може да биде почва за бактерии и разни болести можат да се насоберат на неа, па со повторното носење на маската тие многу лесно ќе влезат во вашиот организам.

Потребно е редовно да се менуваат маските и да се одржуваат чисти, во спротивно тие немаат апсолутно никаква функција, освен да создадат илузија дека сме заштитени.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски денес одржа состанок со енергетските компании при што повторно потврди дека ранливите категории на граѓани не смеат да бидат исклучени од системот на електрична енергија во декември, јануари и февруари поради неплатени фактури.

Тој уште еднаш истакна дека доколку граѓаните од ранливите категории имаат доспеан долг, имаат можност за одложено плаќање или плаќање на најмалку шест еднакви рати, а секој кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, има право да бара да биде ослободен од обврската за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема.

– Исто така, сите потрошувачи имаат право и можат да се жалат и да добијат надоместок за штета поради прекини во испораката на енергија со послаб квалитет од пропишаниот доколку ги исполнуваат условите и критериумите од Правилата за определување на надомест на штета причинета на производителите и потрошувачите на електрична енергија, рече Бислимоски.

Во своето обраќање, Бислимоски обрна внимание и на работата на енергетските компании во наметнатите услови предизвикани од кризата. Наплатата, како што посочи, е вратена во нормала, пензионерите покажале доследност при плаќањето на сметките веднаш по добивањето на пензијата, а енергетските компании преку дигиталните услуги успеале да го намалат физичкиот контакт со потрошувачите согласно здравствените препораки.

– Потрошувачката кај индустриските капацитети се намали, тоа се рефлектираше и врз работата на енергетските компании и затоа од исклучителна важност беше оптимизирање на производството и потрошувачката преку секојдневна координација помеѓу енергетските компании. Економската неизвесност ги направи потрошувачите воздржани во плаќањето на сметките за режиските трошоци, но по првичниот шок од новонастанатата состојба, наплатата се врати во нормала. Пензионерите покажаа доследност и одговорност преку плаќањето на овие трошоци веднаш по добивањето на пензијата. Компаниите ги зголемија дигиталните услуги со што се намали физичкиот контакт, согласно здравствените препораки, но и се овозможи достапноста за самостојно отчитување на струјомери, контрола на сметката, доставување на поплаки и плаќање преку интернет, нагласи Бислимоски.

Денешниот состанок е редовен состанок на РКЕ со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »