Промовирани огласи »

Многу од нас доаѓаат нервозни од работа и многупати не се чувствуаат добро дури и по доаѓањето во својот дом - само поради стресот на работното место. Сепак ВИЕ можете да научите како да го надминете стресот на работното место и да бидете порелаксирани. За да го направите тоа, не е потребно да го смените начинот на живот. Можете да правите неколку мали нешта, кои ќе го подобрат вашето расположение и ќе ви ја зголемат енергијата.

1. Организирајте се

Анализирајте ги вашите дневни обврски и задачи. Распоредете ги рамномерно. Не се посветувајте само и единствено на работата. Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и социјалниот живот.

2. Излегувајте наутро 10-15 минути порано

Со тоа ќе си го намалите барем стресот кој го предизвикува брзањето, за да не задоцните.

3. Приоретизирајте ги задачите

Направете си список од сите задачи и подредете ги по важност. Оние задачи кои се поважни за вас, исполнете ги први.

4. Не бидете перфекционисти

Навистина е важно да давате сè од себе си на работното место, но не треба да претерувате. Ништо не е поважно од вашето здравје, па ни кариерата.

5. Спријателете се барем со некои колеги

Ако знаете дека до вас има колеги кои би ви помогнале кога сте под стрес, многу ќе бидете порелаксирани. Не заборавајте да ја вратите услугата, кога ќе им е потребна и нив вашата помош.

6. Внесете хумор во вашето секојдневие

Дури и на работа не можете и не треба да бидете сериозни преку целото време. Кога и да имате можност, пошегувајте се со колегите. Смеењето е најдобар лек против стрес.

7. Движете се

Практикувајте физичка активност од 30 минути барем 2 пати неделно. Со тоа ќе имате повеќе енергија, вашето расположение ќе се подобри и вие ќе се чувствувате позадоволни и поопуштени.

8. Консумирајте алкохол умерено и избегнувајте го никотинот.

Алкохолот краткотрајно го намалува стресот и напнатоста, но кога ќе претерате вознемиреноста се зголемува. Ако пиете за да го намалите стресот на работа, може да станете зависни. Исто така и пушењето може да ве смирува кога сте вознемирени, но потоа доведува до повисоко ниво на анксиозност.

9. Потрудете се да имате добар сон

Стресот и загриженоста може да предизвикаат инсомнија и обратно, недостатокот на сон ве прави посклони кон стрес. Кога сте поодморени, можете подобро да одржувате емоционална рамнотежа и со тоа да се борите против стресот.

10. Разговарајте за стресот со вашите блиски.

Тоа е добар начин да го намалите стресот, да погледнете на проблемите од друга перспектива и полесно да најдете нивно решение.

Промовирани огласи »

Бројот на патници превезени од двата аеродрома во Македонија во првите два месеца од годинава е зголемен за 9 проценти.

Податоците од ТАВ Македонија, кој стопанисува со аеродромите, покажуваат дека во овој период од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 238.180 патници.

Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти. Зголемување за 8,9 проценти имало и кај бројот на летови, односно реализирани биле 16.883 летови.

Промовирани огласи »

сабота, 8 април 2017

НОВ ПРИСТАП - НОВИ ОДГОВОРИ

Ако мислите дека заслужувате малку време и внимание за себе, повелете на работилницата за лична стратегија со помош на алатките  Points-of-You® (The Coaching Game). Затоа што нема подобар момент од сега - за да застанете, да се запрашате што ви е најважно во овој момент и во која област од животот треба да дејствувате за да имате најбрза позитивна промена.

Дојдете да си поставите важни прашања за себе и за сопствениот живот, на еден поинаков начин, забавен и инспиративен, а, сепак длабок и моќен. Дознајте што ви е важно сега и во иднина. Од некои поинакви перспективи согледајте ги личните предизвици, успеси и новите цели, а тоа ќе ве поттикне на нови начини на размислување и на нови согледувања и идеи, и ќе ве охрабри на акција.
 
Една од клучните основи на методологијата Points-of-You® е интеграцијата на левата страна на мозокот, задолжена за анализа, и на десната страна на мозокот, задолжена за интуиција и емоции. Фотографиите што ги користиме во овој процес на работа на себе, ја отвораат и поттикнуваат нашата креативна страна, додека со помош на зборовите кои ги опишуваат темите на кои работиме, истовремено се активира нашиот аналитички ум.
 
Може да работите на која било тема – деловна или приватна (меѓучовечки односи, комуникација, деловна стратегија, тимска динамика, партнерски однос, интимна врска, родителство, здравје, професионална кариера или која било друга тема) која ни е ВАЖНА, која сакаме подобро да ја разгледаме во овој момент од нашиот живот и за која сакаме да донесеме потребни одлуки.


Работилницата се одвива во мали групи, во пријатен и модерен простор, со кафе и освежување.

Котизација: 1800 ден. (ДДВ е вклучен)
Локација: ИНСПИРИТ Коучинг
Адреса: ул. Гиго Михајловски бр.9А/2 Скопје

Сабота, 08.04.2017
10:00 - 14:30 часот

Пријавување на:
Ана Јорданоска: 070 944 179 и (02) 6 092 630
[email protected]
Пријавувањето е до 06.04.2017

За тренерот

Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths методологија) и обучен тренер за алатката Points-of-You®.
Таа е магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско  искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции, како што се McCann-Erickson, London School of Public Relations, сектор за комуникации на ООН и др. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, со цел нивно растење и зголемување на нивните можности, работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и јакнење на нивните внатрешни ресурси.

Промовирани огласи »

Во Клуб Спорт 77 Евротип, во Демир Хисар, на 3ти април, освоен е 37 МИЛИНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката  вредна 1.311.980 денари е првата која е освоена во месец април. Со овој МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, среќниот играч Стевче Цветкоски стана 37 милионер на Државна видеолотарија.Една недела претходно, на 27.03.17 во Битола, играч во Делта Бет, освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.315.451 денари.

Во просторот на ново отворениот ВЛТ Клуб на улица Партизанска во Скопје, македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски- Иџе, на среќниот добитник, Стевче Цветкоски,му го додели чекот кој гласи на 1.311.980 денари. Добивката МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вредна 1.311.980 денари е освоена на 03.03.17 во Клуб Спорт 77 Евротип, Демир Хисар.

Скромен, во присуство на семејството и пријател, најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, Стевче Цветкоски ни ја раскажа својата приказна. Ни откри дека повремено игра на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Не верувал во среќата. Стевче не верувал ни дека тој може да освои добивка. Токму и затоа, пријатно бил изненаден од возбудливото сознание дека токму тој е новиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. На вредната добивка  од 1.311.980 денари, се израдувало целото семејство.

Цветкоски вели дека немаат детален план како ќе ги потрошат парите. Сепак,  денес по добиениот чек, се упатија во салон за автомобили да разгледаат нов автомобил со кој, можеби ќе се подноват.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 37 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 55.184.339 денари. Покрај нив, освоени се и 4978Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 37.330.582 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »